Инстаграм блогерка обвинета дека споделува лажни фотки од патувања
Амелија Лиана, блогерка посветена на патувања, е обвинета дека споделува лажни фотографии од места кои не изгледаат така во реалноста.
Ова го забележаа нејзините следбеници на Инстаграм кога сподели фотографија од неа направена во Рокфелер центарот во Њујорк, но на фотографијата не се гледа Кулата на слободата која инаку е дел од оваа глетка на Њујорк.
Ескпертите од The Times потврдија дека блогерката искористила стара фотографија од Њујорк и се „додала“ себеси со помош на компјутерска програма.
Другата фотографија која крена прашина е фотографијата од Амелија пред Таџ Махал. На оваа локација секогаш е преполно со туристи, но на фотографијата на Амелија нема ниту еден човек, а изменети се и некои други делови.
Мета на критики на нејзините следбеници на Инстаграм се и фотките на кои Амелија држи сладолед кој воопшто го нема да се купи на тие места.
Блогерката редовно споделува фотографии на кои може да се забележи дека има корекции или изгледаат нереално.
Амелија изјави дека обвинувањата се невистинити и дека никогаш немала цел да им прикаже нешто лажно на нејзините верни следбеници.
M. В. | Црнобело