Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 работи кои ќе ви помогнат да се чувствувате посигурни и посамоуверени

Сите сме имале денови кога ни се чини дека сè што правиме ни поминува низ прсти.

6-raboti-koi-kje-vi-pomognat-da-se-cuvstvuvate-posigurni-i-posamouvereni-01

Бурно работно темпо, баланс помеѓу приватниот и деловниот живот, бројни обврски...

Сето тоа создава чувство на несигурност.

Но, чувството на разочарување или неуспех не смее да остане во вас.

На еден или друг начин треба да ја исфрлите негативноста од себе, да земете нов лист хартија и да започнете одново. Тоа е првиот чекор за зголемување на самодовербата.

1.  Не е погрешно да згрешите

Грешките се прават за да учиме на нив. Никој не е совршен, а најголема грешка е да не се ни обидете да направите нешто. Секогаш е подобро да кажете: „Упс!“, отколку постојано да се прашувате „Што ако...?“.

2. Треба самите да си бидете на прво место

Клучна работа при зголемување на самодовербата е да се прифатите себеси. Тоа е нешто што е ваше и не треба да го сокривате.

3. Прифатете го своето тело

Сè додека се храните здраво и внимавате на себе ќе изгледате одлично. Сликата која ќе ја создадете за вашето тело е најважна, и кога тоа ќе го прифатите значително ќе се зголеми вашата самоувереност.

4. Дозволете вашиот говор на телото да каже сè

Единствено што треба да направите е да се свртите околу себе, да го подигнете погледот од подот и да бидете грациозни. Така самодовербата ќе се шири насекаде околу вас.

5. Музиката е совршено решение

Кога го слушате вашиот омилен ритам и стихови кои ве исполнуваат, тогаш не ви е потребно мислењето на другите. Посебно во оние денови кога се чувствувате лошо и несигурно, дозволете музичката терапија да си го одработи своето.

6. Замислете си одредена цел и начин како да стигнете до неа

Доколку целта ја визуализирате како можна и изводлива, тогаш таа цел ќе стане нешто нормално што може да се случи, бидејќи вие ќе се борите за тоа. Така нема да се плашите или откажувате и ќе имате поголема самодоверба.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg