Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


9 тајни кои вработените во хотелите не се брзаат да ги споделат со гостите

Нема човек кој не е возбуден кога си букира хотел, бидејќи знае што значи тоа - нова авантура.

9-tajni-koi-vrabotenite-vo-hotelite-ne-se-brzaat-da-gi-spodelat-so-gostite-001.jpg

Но, додека вие седите пред компјутер и ја барате најевтината понуда, има неколку тајни кои сигурно не ви се на ум.

Ви го откриваме она што вработените во хотелите сигурно не би сакале гласно да ви го кажат:

1. Истата соба може да ја добиете по половина цена

Докажано е дека букирањето соба по 18 часот е многу поевтино отколку рано наутро.

9-tajni-koi-vrabotenite-vo-hotelite-ne-se-brzaat-da-gi-spodelat-so-gostite-1.jpg

2. Попустите може да се зголемат

Хотелите нудат околу 30% попуст преку системот за резервација, но она што малкумина го знаат е дека доколку се јават директно на рецепција, може да преговараат за нешто поголем попуст. Посебно ако се работи за мал, локален хотел.

3. Хотелите имаат многу бесплатни услуги

Кои ако сами не си ги побарате, никој нема да ви ги понуди. Како на пример, флаширана вода, пегли и фенови, полначи за мобилен... Исто така, може бесплатно да повикате такси или да направите резервација во ресторан. Некои дури нудат достава на појадокот до кревет, треба само да прашате и замолите.

9-tajni-koi-vrabotenite-vo-hotelite-ne-se-brzaat-da-gi-spodelat-so-gostite-2.jpg

4. Може да ве преместат во друг хотел

Неретко се случува хотелите да направат повеќе резервации отколку што имаат соби. Па, затоа, може да ве замолат да се преместите во друг хотел кои тие ќе ви го понудат. Доколку се согласите, имајте на ум дека секогаш може да побарате поскапа соба или дополнителна услуга како појадок и вечера, за истата цена на која сте се согласиле првично.

5. Собата не секогаш е совршено чиста

За да се заштитите од нечистотии, сепак добро проверете ја прекривката пред да легнете во кревет, пребришете ги шкафчињата со марамче и уште еднаш измијте ги чашите.

9-tajni-koi-vrabotenite-vo-hotelite-ne-se-brzaat-da-gi-spodelat-so-gostite-3.jpg

6. Сите соби не се исти

Колку и да ве убедуваат во ова, верувајте дека ако дадете некој денар плус како бакшиш, ќе откриете колку всушност собите се различни.

7. Не ги прашувајте вработените во хотелот за препораки

Ако ви требаат насоки како да стигнете до некаде, тоа е во ред. Меѓутоа, ако сакате да откриете кој локал има највкусна или најевтина храна, не го правете тоа на рецепција. Користете интернет. Често вработените добиваат бонус заради препораката на одреден локал, што значи препораките не се реални и објективни.

9-tajni-koi-vrabotenite-vo-hotelite-ne-se-brzaat-da-gi-spodelat-so-gostite-4.jpg

8. Моќта на негативниот маркетинг

Доколку се соочите со некоја непријатност како галама од соседната соба, не избувнувајте, но не останувајте и со скрстени раце. Пожалете се учтиво и ќе видите дека негативниот маркетинг и жалбите може да ви донесат дополнителни снижувања и услуги.

9. Мини сефовите не се имуни од кражби

Мини сефовите не се најдобрата опција. Подобро е да замолите некој од вработените во хотелот да ги стави вашите вредни документи и предмети во сефот на рецепција. До овој сеф пристап имаат само одреден број на лица, за разлика од оној во вашата соба.

9-tajni-koi-vrabotenite-vo-hotelite-ne-se-brzaat-da-gi-spodelat-so-gostite-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Фотки што ќе ве разгневат – Луѓе кои живеат со „цимер од пеколот“ Не си ги мие садовите, не ги фрла кутиите од пица, чека некој друг да му ја собе...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg