Од обликот на веѓите може да заклучите: Дали сте лидери, традиционални или енергични?
Ако се очите огледала на душата, тогаш веѓите се нивната рамка. Но, сте знаеле ли дека и овие рамки може многу да откријат за карактерот на човекот?
Верувале или не, обликот на веѓите многу говори за личноста, потсвесно испраќајќи ѝ порака на другата страна. Тие ја отсликуваат нашата самодоверба, организациски способности, мотивацијата, како и начинот на кој донесуваме одлуки.
Ви предлагаме веднаш да го тестирате овој пристап на себе или другите.
Обични веѓи
Веѓите со просечна широчина и лак сведочат за приврзаност кон традиционалните вредности, интегритет и непосреден карактер. Притоа, не сте склони да ги драматизирате настаните, па на другите, по правило, лесно им да бидат во ваше друштво.
Долги веѓи
Личностите со долги веѓи се способни да се изборат со речиси секоја стресна ситуација и се мошне дружељубиви. Тие се енергични индивидуи со неисцрпни внатрешни ресурси и широк спектар на интереси. Доколку спаѓате оваа група, тогаш сите проблеми сте навикнати да ги решавате самостојно, и ретко кога во нив ја вклучувате околината. Обично се добри работници, кои можат да се носат со големи проекти и се натпреварувачки настроени.
Кратки веѓи
Кратките веѓи се препознатлив знак за личност која не се возбудува премногу. Многу сте внимателни кон деталите и мошне често тврди во своите ставови. Не сакате да ги слушате жалбите и поплаките на другите, бидејќи и самите понекогаш тешко се носите со потешкотиите. Едноставно, не сте заинтересирани да се соочувате и со драмите на останатите луѓе.
Густи веѓи
Тие се природно самоуверени личности, кои цврсто ја држат главата на раменици и брзо сфаќаат што се случува околу нив. Сигурни сте во себе и во својата привлечност, лесно ги решавате конфликтните ситуации, а на патот до својата цел, никој не може да се запре. Не сте нешто посебно загрижени за мислењето на околината, затоа што сопствениот животот ви е многу поважен од тоа, па го живеете до максимум и со слободен дух. Сепак, некогаш лесно може да се изнервирате ако некој ве кочи во остварувањето на желбите.
Тенки веѓи
Тенките веѓи се знак за вродена деликатност. Конфликтите не се во ваш интерес и вешто ги избегнувате кога и да постои можност за тоа. Понекогаш се сомневате во себе и повеќе им верувате на другите, отколку самите на себе. Внимателни сте, и затоа сè во животот држите под контрола. Вие сте добар слушател и уште подобра душа, па сте одличен соговорник и советник на вашите блиски.
Веѓи со висок лак
Веѓите што се поставени високо над очите укажуваат на личност која е пречувствителна, а не е премногу отворена за комуникација, туку се држи на дистанца. На таквите луѓе им треба малку повеќе време и простор за да се вклопат и стекнат доверба кај луѓето. На прв поглед, можно е да создадат лажна претстава за себе – дека се егоцентрични, арогантни и надмени. Важат за перфекционисти и самокритични, а имаат одличен вкус.
Веѓи со низок лак
Веѓите кои се поставени поблизу до очите вообичаено откриваат ведра и комуникативна личност. На нив можете да се потпрете во секоја ситуација, бидејќи се личности кои се стојат на своите ветувања. Покрај тоа, за нив се користи и називот „тренерски веѓи“, бидејќи овие луѓе остануваат покрај вас сè дури не победите. Обично имаат лесен карактер и знаат како да изградат сериозни, трајни врски.
Триаголни веѓи
Острите и „прекршени“ веѓи говорат за мобилност и брзина во сè. Брзо анализирате сè што се случува околу вас, а одлуките ги донесувате во лет. Дали е добро или не - останува како отворено прашање, но таквата спонтаност има и свои предности: вам и на тие околу вас никогаш не ви е здодевно. Предодредени сте да бидете лидер, лесно ги инспирирате луѓето и не се плашите да ја преземете одговорноста на себе.
Заоблени веѓи
Веѓите со полукружен облик се неоспорен знак за добрина и грижливост. Не сте рамнодушни кон луѓето, секогаш им помагате на оние на им е потребна помош и никогаш не ги оставате на цедило. Постојано гледате да го извлечете најдоброто од секоја приказна и сакате да изградите стабилен однос.
Рамни веѓи
Веѓите без нагласени лакови говорат за аналитички склоп на умот, односно склоност кон рационално размислување. Трипати мери, еднаш сечи – тоа е вашата карактеристика. Притоа, не се плашите да ги нарекувате нештата со вистинското име, говорејќи им ја на луѓето вистината која другите, поради срам, можеби нема да ја кажат. Вие сте мислител кој ја цени логиката. Не сте премногу емотивни.
Дијагонални веѓи
Колку е поголем аголот на наклонот, толку се поинтензивни чувствата и поголема страста кај луѓето со дијагонални веѓи. Оставате многу силен впечаток на луѓето во вашето опкружување, а на кои дефинитивно не им е лесно да ве заборават. Точно знаете што сакате од животот, но и што треба да направите за да го добиете тоа што е можно поскоро.
Речиси невидливи веѓи
Светлите, речиси невидливи веѓи, чиј облик не е лесно да се одреди, се меѓу најретките случаи. Ова е сигурен знак на недостаток на доверба во себе и во своите способности, а како последица на тоа и плашливост и срамежливост. Вам не ви се својствени прекумерната самоувереност и агресивност. Наместо тоа, само отфрлете ги сомнежите и сè ќе биде како што треба.
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





