8 методи со кои паметните луѓе се соочуваат со луѓето кои не им се допаѓаат
Би било убаво секоја личност со која сме во интеракција да биде фина, добра, внимателна, дарежлива... Ама, животот не функционира така. Некои луѓе знаат да не излудат уште при првите поглед и кажан збор.
Тоа е нормално, не можеме со секого да се сложуваме. Но, како да се соочиме со оние кои нè нервираат?
Онака како што тоа го прават паметните луѓе.
На овие 8 начини:
1. Тие прифаќаат дека нема секој да им се допадне
Понекогаш се фаќаме во мамката дека ние постојано сме фини и дека сите луѓе ќе ни се допаѓаат. Но, неизбежно е да се сретнете со тешки луѓе кои ќе се спротивставуваат на вашите гледишта.
Исто така, важно е да прифатите и дека ќе настанат конфликти и недоразбирања заради различните погледи кон светот.
Тоа што другата личност не ви се допаѓа, инстантно не значи дека е лоша личност. Причината поради која не се согласувате е што имате различни вредности, а тие разлики креираат судење.
Паметните луѓе многу јасно се свесни за ова и го прифаќаат како нормала на животот и постоењето.
2. Се соочуваат (не ги игнорираат или отфрлаат) со оние кои не им се допаѓаат
Да, можеби ќе ве нервира постојаната критика, ќе ги стискате забите или само ќе климате со главата тогаш кога не се согласувате, ама да имате некој кој се спротивставува на вашето мислење и не е така лоша работа.
Можеби нема да ви биде лесно да се соочите со таквите луѓе, но од нив ќе учите дека сите предизвици треба да се прифатат и со нив да се соочите, бидејќи така си ги ширите видиците i зголемувате границите.
3. Се учтиви со оние кои не им се допаѓаат
Без разлика на тоа какви емоции имате кон некого, имајте на ум дека, како се однесувате вие, такво однесување и ќе ви биде возвратено. Ако сте груби и расположени за навредување, за возврат ќе добивате груби зборови и навреди.
Ако сте фини и учтиви и другата личност ќе биде таква со вас.
4. Постојано си ги проверуваат очекувањата
Не е чудно да имаме нереалистични очекувања за другите. Не е чудно ниту пак, да очекуваме другите да се однесуваат и да кажуваат работи кои ние вообичаено би ги направиле или кажале.
Но, ако гледате, дека вашите ставови не се усогласени, тогаш сменете ги вашите очекувања и бидете психолошки подготвени за однесувате, за да не бидете непријатно изненадени во иднина.
5. Се фокусираат на себе
Без разлика на тоа што и да правите, одредени луѓе можат да успеат повторно да ви навлезат под кожа и да успеат да ве фрустрираат.
Но, наместо да се концентрирате на тоа колку ве иритира таа личност, фокусирајте се на тоа зошто реагирате вие, така како што реагирате. Понекогаш, психолозите велат, дека не ни се допаѓа кај другите, она што најчесто не ни се допаѓа и кај самите нас.
Откријте што ве предизвикува да реагирате така како што реагирате и запомнете, секогаш е полесно да го промените вашиот начин на перципирање на работите, отколку да ја промените другата личност.
6. Паузираат, барем за момент, и здивнуваат длабоко
Сите сме го слушнале она диши длабоко и број до 10, а потоа реагирај. Токму тоа го прават паметните луѓе.
Кога некој ќе успее да пушти искра која може да ве изнервира, за момент вдишете длабоко, почекајте адреналинот да се намали, срцето да забави со отчукување, а потоа обидете се да реагирате со отворен ум и топло срце.
7. Ги искажуваат сопствените потреби
Ако некоја личност ве нервира со одредено однесување, најдете мирен и дипломатски начин како тоа да ѝ го пренесете.
Избегнувајте навреди, обвинувања и обидете се со следнава формула: „Знаеш, кога... јас чувствувам како...“.
Може да откриете дека другата личност воопшто не била свесна за тоа и да се обиде да го поправи своето однесување.
8. Си даваат простор меѓу себе и личноста со која не се согласуваат
Ако се друго не ви успее, дајте си простор за издишка. Извинете се и заминете од просторијата. Со малку дистанца, емпатија и поинаква перспектива, после некое време, работите може да изгледаат поинакви.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





