Реченици кои среќните луѓе ги кажуваат секојдневно
Мислите дека сте среќна личност? Вистински среќните луѓе не чекаат таа да ги пронајде нив, туку самите ја создаваат и споделуваат позитивната енергија со луѓето околу себе.
Некогаш, потребни се сосема малку зборови за некому да ја пренесете својата среќа и разубавите денот.
Среќните луѓе го прават тоа, а ова се 10-те реченици кои ги кажуваат секој ден:
1. „Навистина сум среќен/среќна што те гледам.“
Оваа изјава е наједноставниот начин да покажете некому колку го цените и колкава важност има во вашиот живот.
2. „Секогаш ме развеселува нашето видување.“
Слична е на првата реченица, но ја нагласува моќта која има таа личност да ве развесели при секоја ваша средба. Веднаш ќе се почувствува среќно и задоволно.
3. „Го прифатив твојот предлог.“
Доколку некој ви дава совет, тоа значи дека сте му важни. Затоа, кога ќе потврдите дека токму тој совет ви помогнал, личноста ќе почувствува дека позитивно влијае на вашиот живот.
4. „Толку многу имаш напредувано.“
Преубав гест со кој покажувате интерес за напредокот и трудот на другите.
5. „Навистина ме воодушеви кога...“
Ова е доказот за напредокот од претходното тврдење, но и уште едно, повисоко ниво на почитување.
6. „Знам дека можеш многу повеќе.“
Секому му треба охрабрување, како и некој кој ќе му каже дека го согледува неговиот полн потенцијал. Луѓето ќе бидат благодарни и инспирирани кога малку ќе ги „поттурнете“.
7. „Би сакал/а да знам што мислиш за...“
Кога го сакате и цените некого, тогаш ве интересира и мислењето на таа личност.
8. „Кажи ми нешто повеќе околу тоа.“
Оваа реченица истовремено ги смирува и охрабрува соговорниците, бидејќи честопати луѓето мислат дека ве заморуваат со своето зборење. На овој начин им покажувате дека ги слушате.
9. „Нема на што.“
Сте направиле некому услуга и добиле искрена благодарност за тој чин? Потврдете дека ви било задоволство, а не обврска.
10. „Ти благодарам.“
Најмоќната алатка и фразата со најневеројатно значење. Одбравте ли кому и за што ќе бидете благодарни денес?
М. А. | Црнобело