10 начини како да избегате од сè и да почнете вистински да живеете
Начинот на кој живееме денес, на кој не тера модерното општество, често нè наведува да немаме време барем малку да се посветиме на себе.
Денес ретко кој има време за вечерна прошетка, хоби или да прочита книга заради која повторно ќе научи да се сака себеси.
Но, тоа може да се промени со 10 едноставни навики:
1. Бидете сами во природа
Природата е единствениот извор на енергија, хармонија и убавина.
2. Уживајте во тишината
Тишината може да ви помогне да се чувствувате подобро, поинаку и попозитивно, дури и да се разбирате себеси подобро.
3. Поделете си ја работата на еднакви делови
Задачите извршувајте ги конзистентно, без разлика дали станува збор за домашни или професионални обврски.
4. Правете ги работите кои најмногу ги сакате
Секој има свој талент, секој има опции - потребно е само да ги откриете вашите.
5. Излегувајте, но не претерувајте
Уживајте на концерти, во дискотеки, по кафулиња, но не претерувајте.
6. Комуницирајте, но не преку телефон
Гледајте се очи во очи до другата личност.
7. Уживајте во вкусот на работите кои ги јадете
Секој може да развие посебен, специфичен став кон храната, потребно е само да научи да ја цени како гурман, како професионален готвач...
8. Концентрирајте се на релаксирање
Во животот можете да се почувствувате исполнето само ако навистина научите да уживате во малите работи и да се релаксирате без потајно да се грижите за работите кои чекаат на вас.
9. Бидете непредвидливи
Понекогаш е добро да направите нешто што е надвор од вашата удобна зона.
10. Учете од децата
Децата се мали мудреци кои можат повторно да ве научат како да живеете исполнет и среќен живот.
Н. Г. | Црнобело