18 причини зошто луѓето кои простуваат се посреќни од оние кои се лутат

Секој од нас во тешките моменти знае да почувствува силен, неизмерен бес, да дозволи гневот да завладее со него, но многу подобро е да научиме да простуваме.

18-pricini-zoshto-lugjeto-koi-prostuvaat-se-posrekjni-od-drugite-01.jpeg

Зошто?

1. Затоа што гневот прави моментално да се чувствувате добро, а простувањето долгорочно.

2. Затоа што ништо не тежи повеќе на вашата душа од токсичните мисли за друга личност.

3. Затоа што простувањето ве тера да работите на откривање на тоа зошто точно некој ве вознемирил, а гневот не ви дозволува да преминете преку работите.

4. Затоа што ви помага да станете посилна личност - да знаете кога треба да си заминете од токсичните луѓе, а кога да работите на поправање на грешките.

5. Бидејќи кога сте гневни на личноста, несвесно тапкате во минатото и само размислувате на работите заради кои некоја личност ве изнервирала.

6. И тогаш кога не заборавате на работите, ја чувате во себе болката која дополнително ве повредува.

7. Бидејќи простувањето ве прави повеќе сочувствителни, а тоа е една од најважните карактеристики кои може да ги има еден човек.

8. Бидејќи така вашиот живот го држите под контрола и не дозволувате искуствата да влијаат на вас, туку вие влијаете на тоа што ќе искусувате.

9. Бидејќи докажано е дека простувањето го намалува ризикот од срцеви заболувања.

10. И ви го намалува нивото на холестерол, високиот крвен притисок и ви помага полесно да спиете.

11. Затоа што не ви треба другата личност за да простите. Важно е сами да работите на нештата кои ве повредуваат и ве прават гневни во животот.

12. И без разлика на тоа што се случува со другата личност, вие можете да продолжите понатаму и да живеете полесен и посреќен живот.

13. Бидејќи гневот ве потсетува дека и вие во минатото некого сте повредиле, како и на тоа дека некој сè уште може да ви нема простено за одредени работи.

14. Бидејќи простувањето во учи на понизност, работа која лесно се заборава во ова време.

15. Бидејќи така врските со другите луѓе ги правите посилни, постабилни и подолги. А, само така учите кои луѓе вредат да останат во вашиот живот.

16. Бидејќи простувањето не е исто како да сте наивни и добродушни, туку од него учите важни животни лекции.

17. Затоа што ќе се случат моменти кога и на самите себе ќе бидете гневни, а морате да научите да си простувате и да ги поправате сопствените грешки.

18. Затоа што простувањето самиот на себе ве прави човечни, а на крајот од денот, тоа е сè што ви е потребно.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg