10 совети како да привлечете нови луѓе во животот

Нема ништо подобро од внесување нова енергија во секојдневието и животот, преку запознавање на нови лица и создавање пријателства.

10-soveti-kako-da-privlecete-novi-luge-vo-zivotot-1.jpg

Колку и да сметате дека не сте дружељубиви и допадливи на прв поглед, овие 10 совети ќе ви помогнат да го зголемите кругот на луѓе:

1. Сè е во вашата глава

Добрите вести за почеток - луѓето се поотворени за познанства отколку што мислите и вашата привлечност зависи само од вашата глава и вашите мисли.

2. Може да одберете дали запознавањето ќе биде комедија или хорор

Запознавањето на нови лица може да биде застрашувачки. Затоа обидете се да бидете забавни. Секогаш разговарајте со мала доза на хумор.

3. Правете мали чекори

Ако сè уште немате голема самодоверба, започнете едноставно - разговарајте со нов човек на вашето работно место и тренирајте ги своите социјални вештини.

4. Мора да излезете

Не можете да седите дома и да барате нови луѓе. Мора да излезете - запишете курс, најдете ново хоби, нов спорт и било каква активност која ќе ве поврзе со луѓе кои ги делат истите страсти како вие.

5. Направете го првиот чекор

Не се двоумете. Кога ќе решите дека сакате да создадете ново пријателство, вие преземете ја иницијативата.

6. Кој осудува - губи

Често имаме јасна визија за тоа како треба да изгледаат нашите пријатели. И тука губиме. Никогаш не знаете кој каков е и дали како таков ќе ви одговара, дајте му шанса.

7. Покажете интерес

Научете да слушате пред да зборувате. Многу луѓе сакаат да добијат внимание, па зошто да не им го овозможите тоа? Покажете дека сте заинтересирани за да ги запознаете, не се форсирајте вие да се претставите.

8. Поминувајте повеќе време заедно

Не останувајте само на местото и времето кога се запознавте. Не останувајте само на гледање за време на тренингот или било кое заедничко хоби. Вечери, забави, кино вечери се она што ви треба.

9. Одржeте контакт

Тешко е да останете во контакт и да ја одржите топлината, знаеме. Но, тоа е клучот за добро пријателство. Не проверувајте Фејсбук за да видите што им се случило и каде биле - јавете се и прашајте како им поминале деновите или неделата.

10. Бидете добар пријател

Понудете поддршка и помош. Погрижете се луѓето да знаат дека може да се потпрат на вас.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg