Жените чуваат тајна само 47 часа: 25 интересни психолошки факти
Учењето на нови работи за себе е секогаш интересно, посебно кога се обидуваме да откриеме како функционира нашата психа, како се однесуваме, како ги третираме другите и како се изразуваме себеси.
Неколку забавни психолошки факти кои веројатно воопшто не сте ги знаеле:
1. Пандите кога се тажни, седат сами. Така е и со луѓето.
2. Жените обично сакаат мажи со длабок рапав глас, бидејќи изгледаат посамоуверени и неагресивни.
3. Луѓето кои даваат најдобри совети обично се оние со најмногу проблеми.
4. Колку е поинтелигентна личноста толку побрзо размислува и толку има полош ракопис.
5. Нашите емоции не влијаат на начинот на кој комуницираме. Напротив, како комуницираме може да влијае на нашето расположение.
6. Како една личност се однесува со келнери многу кажува за нејзиниот карактер.
7. Луѓето со развиено чувство на вина многу подобро ги разбираат туѓите емоции и чувства.
8. Мажите не се посмешни од жените, туку само прават повеќе шеги без разлика на тоа дали им се смешни или не.
9. Срамежливите личности зборуваат многу малку за себе, но сепак прават да им се чини на другите луѓе како да ги познаваат многу добро.
10. Жените имаат дупло повеќе рецептори за болка од мажите, но и повисок праг на толеранција на болка.
11. Слушањето на музика со високи фреквренции ве прави посмирени, релаксирани и среќни.
12. Ако не можете да престанете да мислите навечер, станете запишете ги мислите - тоа ќе ве смири и побрзо ќе заспиете.
13. Пораките за добра ноќ и добро утро го активираат делот од мозокот кој е одговорен за среќа.
14. Ако ги правите работите кои ве плашат, ќе бидете посреќни.
15. Просечното време во кое една жена може да чува тајна е 47 часа и 15 минути.
16. Колку сме посреќни, толку помалку ни се спие.
17. Луѓето кои другите ги прават среќни, најчесто се најосамени.
18. Кога се држите за рака со саканата личност, чувствувате помалку болка и помалку се грижите.
19. Интелигентните луѓе имаат помалку пријатели од просечната личност. Колку е попаметна личноста толку е и поселективна.
20. Бракот со најдобриот пријател ги намалува шансите од развод за 70%.
21. Жените кои имаат повеќе машки пријатели почесто и подолго се во добро расположение.
22. Луѓето кои зборуваат два јазика несвесно можат да ја променат својата личност кога го менуваат јазикот на кој зборуваат.
23. Да бидете подолго време сами е подеднакво штетно како да пушите по 15 цигари на ден.
24. Патувањето го поттикнува здравјето на мозокот и го намалува ризикот од срцев удар.
25. Луѓето изгледаат поатрактивни кога зборуваат за работите кои навистина ги интересираат.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





