Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што погрешно сме научиле?

10-raboti-koi-pogresno-sme-gi-naucile-povekjeКога сме деца - веруваме во се и сешто. Работите кои ни ги кажале на училиште ги земаме здраво за готово, речиси секогаш. Но, постојат некои факти...

 

...на кои не учеле, а се навистина погрешни.

Ако не сте знаеле, време е да ви откриеме:

10-raboti-koi-pogresno-sme-gi-naucile-1

1. Ајнштајн имал лоши оценки на училиште. Генерации и генерации деца живеат со мислата дека овој добитник на Нобелова награда бил лош ученик. Но, ова е една голема заблуда. Ајнштајн бил навистина добар ученик посебно во наука и математика.

2. Глувците сакаат сирење и кашкавал. Секое дете ќе го потврди ова, но доколку глувците би можеле да зборуваат ќе и кажат дека тие уживаат во храна богата со шеќер, како путер од кикиритки и житарици. Па, Сникерс би одбрале пред мувлосано сирење со сигурност!

3. Наполеон бил низок. Тој всушност бил висок околу 168 сантиметри, што било просек за 18/19 век.

4. Томас Едисон ја измислил сијалицата. Тој измислил многу работи, но сијалицата не е една од нив. Тој развил сијалица истовремено со британецот Џозеф Свон – кој прв ја добил идејата.

5. Леминзите се фрлаат во вода за да се самоубијат. Овие кутри животинчиња понекогаш се толку очајни за храна, што скокаат во вода, но немаат намера за групно самоубиство. Пол Џури го обвинува Дизни за начинот на кој ги има прикажано во своите цртани филмови.

10-raboti-koi-pogresno-sme-gi-naucile-26. Водата тече различно на различни хемисфери. Не е така! Жал ни е!

7. Луѓето еволуирале од мајмуните. Дарвин всушност не го кажал ова, па најверојатно станува збор за погрешно пренесена информација.  Тој кажал дека луѓето и мајмуните имаат заеднички предци.

8. Викинзите имале рогови или шлемови со рогови. Ова е чисти мит. Според истражувањата викинзите биле закопувани со шлемовите. Кога биле откопувани од Викторијанците тие измислувале дека на шлемовите има рогови.

9. Колумбо верувал дека Земјата е рамна. Не е точно. Можеби не знаел колку е голем светот, но не се грижел дали ќе стигне до работ и ќе падне.

10. Различни делови од јазикот детектираат различни вкусови. Точно е дека имаме различни делови на јазикот кои се по осетливи од другите. Но, тие не се поделени на совршени делови како што не учеле.

Би можело да ве интересира:

8 музеи низ Европа што секој треба да ги види барем еднаш во животот Покрај Лувр, во Париз не го прескокнувајте и Центарот Помпиду каде се наоѓа најг...
Пред и потоа фото споредби: Луѓе гордо ја покажуваат новата насмевка, откако ги извадиле протезите Секој кој носел протези многу добро знае дека целото искуство е мошне тешко. Дод...
Мизерни оброци од ресторани кои бесрамно лажат со фотките во менито Лепче со авокадо со три минијатурни парченца авокадо, пет компирчиња гратис со б...
Чудни (но практични) работи што можете да ги видите само во Јапонија (фото) Чипс со вкус на цвет од црешово дрво, но и автомат за банани – што сè можете да ...
Работи што ги прават луѓето кои живеат сами (а на другите може да им се чудни) „Учам кореографии на омилените песни, а потоа им ги покажувам на кучето и двете ...
10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg