Совети од тајните агенти: Како полесно да ги „читате“ луѓето?

Способноста да ги „читате“ луѓето може да биде ефективен начин да си помогнете во комуникацијата со нив.

9-soveti-od-tajnite-agenti-kako-polesno-da-gi-citate-lugjeto-01

 ЛаРае Куи, кој работел како ФБИ агент 23 години, го сумира најважното во неколку реченици:

„Нема потреба да бидете првокласен детектив за да разберете што се случува во нечија глава. Секогаш постојат сигнали кои можете да ги искористите. Сè што треба да знаете е каде да ги побарате.“

Ова се знаците кои јасно покажуваат за што размислува или како се чувствува една личност во дадениот момент:

1. Дефинирајте го нивниот основен модел на однесување

Постојат огромен број физички однесувања во кои луѓето се впуштаат. На пример, некои можат да зјапаат во подот за време на разговорот, да ги вкрстат рацете, да кашлаат, да ја чешкаат главата или пак, да се клатат напред назад.

Луѓето се однесуваат различно поради различни причини. Дефинирањето на нечиј основен модел на однесување може да ви помогне да ги сфатите нивните дејства – дали тоа што го прават е некаква навика или пак, индикација за измама, лутина или незрелост.

2. Обрнете внимание на нивните каприци

Обрнете внимание на разликите помеѓу нечиј основен модел на однесување и неговите зборови и гестови.

На пример, дали сте забележале дека некој има навика да го прочистува грлото кога е нервозен? Дали можеби на тој начин крие нешто што не е очигледно на прв поглед?

3. Обрнете внимание на гестовите

Само еден гест или збор не секогаш има скриено значење. Но, кога одредени гестови следат еден по друг, обрнете повеќе внимание.

На пример, ако некој постојано кашла, ја чеша главата и ги врти стапалата во исто време, тогаш треба да бидете многу внимателни.

4. Споредете ги однесувањата

Ако забележите дека некој се однесува поинаку од вообичаено, обрнете повеќе внимание на тоа што го прави. На кој начин оваа личност се поврзува со луѓето во просторијата? Дали нејзината фацијална експресија се менува? Што кажува нивниот став и говорот на телото?

5. Погледнете во „огледалото“

Во мозокот постојат неврони кои уште се нарекуваат и неврони огледала заради тоа што ја отсликуваат состојбата на нашиот ум. На пример, насмевката ги активира мускулите што се одговорни за среќна фацијална експресија. Кога се мрштиме, пак, ние покажуваме незадоволство.

Кога гледаме во личност која ни се допаѓа, ние им даваме сигнал на нашите фацијални мускули да се опуштат. Ако лицето на оваа личност не „одговори“ на истиот начин, тогаш јасно ви праќа порака дека или не ѝ се допаѓате или не ѝ се допаѓа нешто што сте направиле.

6. Пронајдете го најсилниот глас

Најсилната личност не е секогаш таа што седи на „чело“ од масата. Личноста со висока самодоверба, по правило, има и најсилен глас (не го мешајте ова со јачината на тонот на гласот).

Често лидерот на групата е некој со слаб карактер кој во голем степен зависи од другите. Одредете кој е оној кој има најсилен глас во групата, и веќе сте на вистинскиот пат кон решавање на случајот.

7. Набљудувајте го нивниот начин на одење

Многу често кај луѓето недостасува флуидност во нивното движење. Ако личноста се движи гледајќи надолу кон стапалата, наместо право пред себе тоа е знак дека има ниска самодоверба.

Ако го забележите тоа кај некој член од вашиот тим, понудете му помош и окажете му дека може да ви верува. Или натерајте ги да го кажат она кое се плашат да го изустат поставувајќи им најразлични прашања.

8. Обрнете внимание на начинот на кој зборуваат

Глаголите најчесто се зборовите кои издаваат како една личност размислува.

На пример ако вашиот шеф вели дека „одлучил да работи со компанијата Х“, главниот збор на кој треба да обрнете внимание „одлучил“. Овој збор окажува дека вашиот шеф: а) не е импулсивен, б) ги измерил различните насоки на дејство и в) смета неколку чекори наред.

9. Идентификувајте ја нивната основа

Секој од нас има уникатен карактер, но постојат основни прашања што ќе ви помогнат да ја прочитате личноста во нејзиното основно ниво, без разлика за кого станува збор:

  • Дали оваа личност е интровертна или екстровертна?
  • Дали интеракциите со другите се почетна точка за нејзините дејства?
  • Како оваа личност се справува со ризик и несигурност?
  • Што го храни нејзиното его?
  • Како се однесува во стресни ситуации?
  • Какви е кога е опуштена?

Имајте на ум дека е потребно време да научите да ги читате луѓето без грешка. И се разбира, секогаш постојат исклучоци од секое правило. Но, држејќи се до овие принципи, вие можете да ги подобрите вашите способности за набљудување и да ја зголемите вашата способност за разбирање на луѓето, што ќе ви помогне да комуницирате многу поефикасно.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg