Од зачнување до раѓање: Како се развива бебето во стомакот на мајката?
Фотографот Ленарт Нилсон поминал 10 години од животот евидентирајќи го растот на човечкиот ембрион, од зачнувањето до раѓањето.
Светот првпат слушна за Ленарт Нилсон во 1965 година, кога магазинот „LIFE“ објави 16 страници со негови фотографии од ембриони.
Микроскопите и камерите биле негова пасија уште од најмали години. Со тек на време, неговата пасија се развила во желба да му го покаже на светот човечкото тело на микро ниво.
Тој успеал да ги направи првите слики од фетус уште во 1957 година, но тие не биле доволно добри за објавување.
Нилсон успеал да направи многу попрецизни слики користејќи цитоскоп – медицински инструмент кој се користи за испитување на внатрешноста на мочниот меур.
Тој закачил камера и малечка светилка на него и направил илјадници фотографии, документирајќи го животот на ембрионот во внатрешноста на матката.
Серијата фотографии на Нилсон е прекрасна низа фотки која покажува низ што се поминал секој од нас од зачнувањето до неговото раѓање.
Книгата на Нилсон „A Child is Born“ првпат била објавена во 1965 година. Оттогаш, имала многу нови изданија станувајќи една од најпополарните книги со фотографии на сите времиња.
Ленарт Нилсон денес има 91 година и сè уште се интересира за наука и фотографија.
Сперматозоидот се движи низ фалопиевите туби кон јајце-клетката
Јајце-клетката
Суштинскиот момент
Еден од 200 милиони сперматозоиди на таткото минува низ мембраната на јајце-клетката
Видното поле на сперматозоидот. Главата го содржи целиот генетички материјал.
Една недела подоцна, ембрионот се префрла во матката пловејќи наназад низ фалопиевите туби
Уште една недела подоцна, ембрионот се закачува на ѕидот на матката
Ембрионот во 22-от ден од развојот. Сивата површина ќе стане мозокот на детето.
До 18-от ден од развојот, срцето на фетусот почнува да чука.
28 дена по оплодувањето
Во петтата недела фетусот е долг 9 mm; веќе може да се види неговото лице со отворите за устата, ноздрите и очите.
40-ти ден од развојот. Надворешните клетки на фетусот се спојуваат со лабавата површина на ѕидот на матката за да создадат плацента.
8-ма недела од развојот
10-та недела. Очните капаци веќе му се полуотворени. За неколку дена тие целосно ќе се формираат.
Во 10-та недела, ембрионот веќе ги користи неговите раце за да ја проучи средината.
16-та недела
Линиите на крвните садови се гледаат преку кожата
18-та недела. Фетусот веќе ги детектира звуците од надворешниот свет.
19-та недела
20-та недела. Фетусот веќе е долг 20 cm. На главата започнуваат да му се појавуваат влакна.
24-та недела
6 месеци
36-та недела. За еден месец бебето ќе се роди.
М. С. | Црнобело