Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Трикови кои ќе ви помогнат во секојдневната комуникација со луѓето околу вас

Понекогаш начинот на кој дејствувате има големо влијание врз луѓето околу вас.

Trikovi-koi-kje-vi-pomognat-vo-sekojdnevnata-komunikacija-so-lugjeto-okolu-vas-01

Но, вие можеби и не забележувате дека вашите несвесни постапки предизвикуваат значителни реакции кај луѓето и прават тие да создадат одредено мислење за вас.

Следните 14 трикови ќе ви помогнат полесно да оставите добар впечаток и да го добиете тоа што го сакате од луѓето околу вас.

1. Кога група луѓе се смее, луѓето инстиктивно погледнуваат кон членовите на групата кои ги чувствуваат за најблиски (или би сакале да им бидат блиски).

2. Погледнете во стапалата на луѓето кога тие зборуваат со вас: ако тие се насочени нанадвор, а не кон вас, личноста со која зборувате сака да го заврши разговорот.

3. Кога одите на прв состанок однесете ја девојката/момчето на некое возбудливо место: тие ќе ве поврзат со нешто возбудливо.

4. Обидете се да ја запомните бојата на очите на личноста која ја запознавате. Луѓето ќе ве сакат повеќе заради контактот со очите кој сте го оствариле.

5. Ако работите како дел од центар за услуга на клиенти поставете огледало зад вас. Луѓето веднаш ќе бидат пољубезни, бидејќи нема да сакаат некој зад нив да ги гледа како намуртено разговараат со вас.

6. Повеќето луѓе не можат да ја искажат разликата помеѓу брилијантноста и довербата. Ако изгледате како да знаете што правите, луѓето секогаш ќе се собираат околу вас.

7. Ако сте на групен состанок и очекувате некој да ве критикува седнете веднаш до него. Тие ќе ја изгубат концентрацијата и ќе бидат многу поблаги во изнесувањето на критиките.

8. Многу физички ефекти на стресот се исти со тие на веселоста (пр. тешко дишење, забрзување на срцето...). Ако успеете да ја замислите заканувачката состојба како предизвик, вашиот стрес ќе се претвори во веселост.

9. Голема е веројатноста луѓето да се согласат на помала услуга, ако прво првично одбијат една или две услуги.

10. Ако се натерате да бидете многу среќни и возбудени кога треба да сретнете некого, следниот пат кога ќе ги сретнете тие ќе бидат многу посреќни и повозбудени за средбата со вас. (Кучињата го прават овој трик со нас цело време.)

11. Пред интервјуто за работа замислете дека личноста со која ќе разговарате е ваш стар пријател. Вие сте одговорни за начинот на кој ќе создадете визуелна претстава за интервјуто, а удобноста која ќе ја постигнете на овој начин ќе биде многу поголема.

12. Емоционалните изрази се оние кои секогаш предизвикуваат емоции. Ако сакате да се чувствувате среќни насмејте се и помислете на сите убави работи кои ви се случиле во животот.

13. Ако поставите на некому прашање и притоа добиете само половичен одговор, одржувајте контакт со очите и останете тивки. Соговорникот ќе сфати дека не сте задоволни со одговорот и ќе продолжи да зборува.

14. Ако некој ви е лут, а вие останете посмирени, тој најверојатно ќе стане уште полут, но подоцна ќе биде засрамен од своето однесување.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg