Како да се вратите во реалноста по летниот одмор?
Летниот одмор за повеќето од нас веќе заврши или е при крај, а најтешкото за сите е враќањето во динамичното секојдневие.
Многумина не знаат како да се соочат со фактот дека денес се вратиле од одмор, а од утре веќе треба да почнат повторно со работа.
Затоа, ние ви нудиме неколку совети како да се вратите во реалноста после долгото уживање.
1. Ставете фотка од одмор на позадина на компјутерот
На тој начин, секогаш кога ќе погледнете во него, ќе се потсетите на најубавите моменти од вашиот одмор.
2. Дружете се со пријателите
Пријателите секогаш ни помагаат во сѐ, а не постои подобар начин да се вратите на старото место, од тоа кога имате друштво што ќе ви го ублажи стресното враќање на работа.
3. Испланирајте да се вратите пред петок
Така, ќе имате цел викенд за опуштање и постепено привикнување на она што ве чека.
4. Одете на масажа
Не постои подобар начин за опуштање пред да почнете со работење. Ако не можете да си дозволите масажа во салон, наговорете го вашиот партнер да ве измасира.
5. Никогаш не се враќајте на работа во понеделник
Понеделник е сам по себе најтешкиот ден во неделата, а ако почнете да работите во понеделник, по 2 недели лежење и уживање, нема лесно да поминете.
М. М. | Црнобело