Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најчести грешки во комуникацијата

najcesti-greski-vo-komunikacijata-povekjeПоправете ги лошите комуникациски навики, гледајте го соговорникот во очи, слушајте го и не се правете попаметни отколку што навистина сте.

 

Во комуникацијата доаѓа до израз личноста, интелигенцијата и емоциите, а начинот на кој разговараме и како се однесуваме во разговорот со партнерите и пријателите, влијае повеќе од изгледот и статусот.

Што е погрешно?

1. Прекинување додека зборува соговорникот. На место да го ислушате вие секогаш сте најпаметни, донесувате заклучоци на недочуено и влетувате во реченица без пардон.

najcesti-greski-vo-komunikacijata

2. Проблем со гледање во очи. Зјапањето во соговорникот е подеднакво лошо како и гледањето низ него или зјаењето наоколу. Гледањето во очи помага за поквалитетно пренесување на пораката.

3. Чуено - недочуено. Ве нервира ли кога некој постојано ве прашува да го повторите она што сте го кажале затоа што не ве чул или не ве разбрал? Првиот пат подготвено повторувате, но втор пат и трет пат сте на прагот на нервите.

4. Неинтересни шеги. Не се сите шеги соодветни за сите типови луѓе. Ако имате одреден начин на комуницирање со пријателите не можете во ист стил да негувате и нови познанства.

5. Само – промоција. Личности кои ги бомбардираат останатите со сопствените достигнувања се лоши соговорници.

6. Негативци. Негативно расположените својот ден го опишуваат како вистинска катастрофа и секогаш создаваат негативна атмосфера наоколу.

7. Солење памет. Тоа се оние кои секогаш знаат се и сметаат дека се најпаметни.

Ако ги поседувате овие особини време е да поработите на сопствениот начин на комуницирање.

Би можело да ве интересира:

„Што порачав, а што добив“: Разочарувачки и смешни фото-споредби од онлајн шопинг „Го предупредив другар ми дека не треба да нарачува од секаде. Се надевам дека с...
Македонците откриваат: Кои песни им се клише за прв свадбен танц (и никогаш не би ги избрале)? „’Лутка’ од САРС ми е толкво клише, што мислам дека ќе си отидам од свадба кога ...
11 манипулативни тактики на луѓето жедни за внимание Драмата што ја создаваат личи на театарска претстава со совршено темпиран настап...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Постојано се извинуваат: Помалку очигледни знаци дека некој преживеал траума во животот „Не им веруваат на луѓето, но и никогаш не се изненадени од туѓите постапки“. ...
Фотографии што ќе ве потсетат на безгрижните лета од детството Си игравме надвор додека не зајде сонцето и велосипедот ни беше омиленото превоз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg