Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


18 мали работи кои ако ги правите сега, за 10 години ќе ве направат поуспешни од останатите

Времето лета. Денес имате 20 години и додека трепнете веќе влегувате во третата деценија од животот. И како што веќе откривте, нема некој водич како да го живеете животот.

18-mali-raboti-koi-ako-gi-pravite-sega-za-10-godini-ke-ve-napravat-pouspesni-od-ostanatite-1.jpg

Но, има работи кои може да ги направите за да бидете пред сите ваши врсници и што, на некој начин, ќе ви го олеснат тоа.

Ова се 18 од нив:

1. Бидете пријатели со различни типови луѓе

Не се врзувајте само со оние кои се исти како вас. Дружете се и запознавајте различни видови луѓе. Од нив може да научите многу важни животни лекции.


2. Читајте

Дали знаете колкав мал процент луѓе читаат вистински книги, а не статии во магазини и на интернет? Многу мал. А, дали знаете зошто е важно да читате? Затоа што ако читате книга барем неколку дена во неделата може да го промените начинот на гледање и размислување за нешто што подоцна ќе ви дојде во животот.


3. Испитувајте се себеси

Луѓето кои не се доволно сигурни за да го направат ова, стагнираат.


4. Имајте волја да живеете онака како што другите немаат, за да можете да живеете како што другите луѓе не можат.


5. Научете како да ги готвите омилените јадења.

Тоа ќе ви донесе многу поголемо знаење, вештини, а пред сѐ задоволство.


6. Научете како да располагате со финансии на начин кој е прави да се чувствувате слободно, но сепак одговорно.


7. Трудете се секој месец да заштедувате по малку пари

Ќе ви затребаат поскоро отколку што мислите.


8. Пробајте да работите 2 работи, токму поради штедната книшка.

На почеток тоа ќе ви биде заморно, но на крај ќе имате нови вештини и мир во душата поради финансиската стабилност.


9. Станете зависни од здрава болка

Оној тип на болка кој се појавува поради напорно вежбање или маневрирање со неудобноста на тренирање на мозокот да се фокусира на една задача сѐ додека не ја завршите. Колку повеќе ја насочувате болката кон нешто продуктивно, толку помалку ќе бидете под искушение да размислувате.


10. Нека ви стане удобно да признавате дека сте згрешиле

Нема неуспех во правењето грешки. Неуспех има во правење грешки и чувството на преголема гордост за да ги поправите.


11. Исчистете го просторот и потоа работете на тоа да мислите дека имате доволно

Дали навистина сакате да ги потрошите следните 10 години акумулирајќи материјални нешта? Не, не сакате. Замислете на што сѐ друго може да ги потрошите тие пари, време и грижа.


12. Со кредитна картичка купувајте само работи кои ќе ги паметите за 3 месеци од сега

 Ако погледнете колку должите и не можете да се сетите на што сте ги потрошиле парите, тогаш воопшто не вредело.


13. Истражувајте си ја душата

Направете листа на работи што ви се допаѓаат и што не ви се допаѓаат, што цените, а што не, за што ве бива и за што не. Почнувајте да создавате идеја за тоа кои фундаментално сте, но дозволете си да бидете отворени кон идејата да се промените со текот на времето.


14. Направете ретроспектива на вашиот живот

Прашајте се кој е мотивот што ве води. Внимателно создадете нарација за тоа – т.е. начинот на кој ги оправдувате дејствувањата од минатото ќе станат вашата филозофија за вашите идни акции.


15. Ако се посветите на нешто, тоа нека биде дневна рутина која е составена од дејствија кои со текот на времето ќе ве доведат онаму каде што сакате да бидете.


16. Правете ги работите со намера

Намерно бидете врска. Работете намерно. Не оставајте животот да ви биде серија на случајни дејствија кои изгледале како добра одлука во моментот, но немаат никакво значење.


17. Сфатете се себеси како што сакате светот да ве сфати

Однесувајте се според тоа. Ако вие се однесувате сериозно – тогаш така и ќе бидете сфатени од страна на другите луѓе.


18. „Избришете“ сѐ и почнете одново онолку пати колку што сметате дека тоа е потребно

Нема срам во правењето грешки. Но, ако сте свесни дека сте направиле грешка и знаете што е правилно, а сепак не го направите тоа бидејќи немате храброст, тогаш има срам.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg