9 знаци кои укажуваат дека сте несреќни

Сите заслужуваат да бидат среќни. Секој има неколку работи за кои е искрено благодарен во животот и во комбинација со наоѓањето мир во сегашниот миг и зграпчувањето на нови прекрасни можности за успех, може да се пронајде вистинска среќа.

9-znaci-koi-ukazuvaat-deka-ste-nesrekjni-01.jpg

Но, што кога не сте задоволни од сопствениот живот? Како може да знаете дека нешто не е во ред?

Ова се 9 непогрешливи значи дека сте несреќни:

1. Постојано се навраќате на минатото

Живеењето во минатото води до состојба на незадоволство, бидејќи кога размислувате за него, започнувате да ги преживувате работите кои се веќе зад вас, а најчесто тоа се негативните работи.

Сиуте сме биле разочарани, се каеме се некои работи, вознемирени сме и дозволуваме тоа да ни го уништи сегашниот миг.

Што било, поминало. Не можете да го смените, но може да научите добра лекција од сите лоши и горчливи искуства и да продолжите понатаму.

2. Очекувате премногу

Дали постојано сте во ситуација во која очекувате другите да се однесуваат онака како што вие сте си замислиле? Или животот да ги подреди коцките онака како што сонувате?

Еве ја вистината – животот никогаш не излегува онака како што планирате. А кога очекувате премногу, завршувате со грст разочарувања.

Лекот за оваа ситуација? Намалете ги очекувањата. Прифатете ги поразите и на нивно место нека дојдат задоволствата кои ги чувствувате во моментот.

3. Секогаш сакате повеќе

Мора да ги имате сите најнови производи, без разлика дали станува збор за технологија, облека или козметика. Сакате повеќе пари, повеќе пријатели, поголема куќа, сакате да излегувате секој ден, сакате да бидете како онаа ваша колешка на која сите овие работи очигледно ѝ одат од рака...

Факт: Вие се фокусирате на работите кои ги немате во животот. А според законот за привлечност, овие работи двојно се умножуваат. Нивното неисполнување ве прави несреќни.

Наместо тоа, фокусирајте се на она што веќе го имате во животот и одвојте момент да се заблагодарите. Поставете си цели и започнете да ги исполнувате една по една, но зацртајте си работи кои навистина ви се потребни, не нешта кои ќе изгледаат фино пред другите.

4. Не сте ја пронашле вашата пасија

Среќниот живот е еднаков на исполнет живот. Тоа може да биде некое хоби од детството, активност која уживате да ја правите во друштво на пријателите или прекрасен начин како да поминете квалитетно време со себеси. Ваквите хоби активности неретко имаат потенцијал да се претворат и во бизнис, а работата која се извршува со задоволство – повеќе не е работа.

Пронајдете ја вашата страст и следете ја.

5. Не наоѓате причина да се насмеете

Ви се случува некогаш да поминете цел еден ден без да се насмеете? Ова е сигурен знак дека сте несреќни. Погледнете добро околу вас. Секогаш има причина за насмевка. За почеток, пронајдете барем едно нешто што ќе ве насмее – добра книга или филм, смешен виц, омилената пријателка, вашите блиски. Смејте се, здраво е.

6. Сите во вашето опкружување се несреќни

Како може да бидете среќни доколку сте опкружени само со негативни луѓе?

Дистанцирајте се себеси од сите токсични и незадоволни луѓе и наместо нив, пронајдете поинакво опкружување кое ја гледа посветлата страна на животот и го бои истиот со оптимизам.

7. Никогаш не сте иницијатор за ништо

Постојано посакувате да се случи нешто добро или чекате да „падне“ како гром од ведро него и се прашувате зошто сте несреќни? Среќните луѓе за себе велат дека се кројачи на сопствената среќа. Тие се храбри и секогаш први иницијатори за нешто ново, кое вообичаено резултира во успех. Преземете акција уште денеска!

8. Правите премногу планови

Вие сте антоним на оние кои живеат во минатото; наместо тоа, опседнати сте со иднината. Се плашите што ќе се случи за 5 или 10 години и неуморно правите планови, додека животот ве одминува.

Неретко се губите во сопствените соништа и толку многу планови за иднината, а ништо не преземате во сегашноста.

Не паѓајте во оваа стапица. Размислувајте трезвено и живејте во сегашноста, каде што можете навистина нешто да сторите за подобра иднина.

9. Секогаш сте во лошо расположение

Ова е еден од најочгледните знаци дека сте несреќни. Негативни сте, не го гледате доброто во луѓето, се криете позади сарказмот како одбранбено оружје, секогаш сакате да правите нешто друго, наместо задачата која ја имате во моментот.

Ова е всушност став кон животот. А вие го храните со лошо расположение. Немате навика ништо да цените, што и да се случи – вие сакате нешто друго или трето, ги обвинувате другите, животот и константно кажувате изговори.

Пронајдете начин како да внесете доза позитивна енергија во животот. Секој има посебен начин за усреќување, за некого тоа е дружба со саканите и пријателите, за друг физичка активност, за трет читањето книги. Визуализирајте се себеси како живеете среќен живот, секое утро заблагодарете се за сите убави работи кои ги имате, пронајдете активности во кои уживате и правете ги секојдневно.

Несомнено има многу знаци кои укажуваат дека не сте среќни, но среќата е став, состојба на умот. А понекогаш е веднаш зад аголот и чека да ја прегрнете.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg