Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како изгледале првите 60 секунди од вашиот живот? (видео)

Доаѓањето на свет е неповторливо, единствено и уникатно искуство на кое никој од нас не се сеќава. Во тој момент сме толку мали што нашиот мозок не успева да создаде спомен за тоа.

kako-izgledale-prvite-60-sekundi-od-vashiot-zhivot-video-01.jpg

Како изгледаат првите 60 секунди живот? Прво сте заплакале, а постои и научно објаснување за тоа.

Од моментот кога ќе излезете од стомакот и за првпат ќе вдишете воздух, чувствувате болка во белите дробови кои се шират и затоа почнувате да плачете. Покрај тоа, доживувате и промена на температурата на вашето тело затоа што првпат треба сами да си ја регулирате температурата.

Отсечена ви е папочната врвца и за првпат мора да живеете без неа.

Најголема е веројатноста дека кога сте дошле на овој свет сте изгледале како вонземјанин и веројатно сте имале сина боја.

Можеби сте биле прекриени со масна смеса наречена верникс и со амниотска течност. И сигурно завршивте на мајчиниот стомак за таа да ве прегрне и за да се зближите.

Во болница сигурно ве одвеле на еден тон тестови. Апгар тестот служи за да ви измерат пулс, да ви го проверат дишењето, тонусот на мускулите, рефлексите и тонусот на кожата.

Ако ова не беше доволно, еве видео од 60 секунди за вашите први 60 секунди живот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg