Не дозволувајте туѓите мислења и стравот од осудување да ви го затрујат животот
Луѓето не се совршени, напротив, тие покрај многуте маани, имаат тенденција да ги осудуваат другите околу нив. Тоа е еден маѓепсан круг и прилично ироничен процес – ги осудуваме другите, а нè боли кога го добиваме истиот третман.
Оваа негативна особина е за жал сеприсутна во општеството, но она што е најтрагично е што мислењето на другите луѓе понекогаш ни значи толку многу, што истото се претвора во хроничен страв со кој живееме.
Па доколку се соочувате со вакви стравови кои вклучуваат негативни коментари и осуди испратени на вашата адреса, време е за самолекување:
1. Не обрнувајте внимание на туѓите мислења
Чувствувате како го живеете животот под лупа, како остатокот ве скенира од глава до пети и ве оценува? Првото правило за среќа е дека вие го живеете животот за себе, не за другите.
Луѓето имале, имаат и секогаш ќе имаат нешто да кажат. Но, не треба да дозволите да ви влијаат до точка на менување на вашиот карактер или индивидуалност. Доколку сте среќни, туѓите коментари и мислења за вашиот живот би требало да ве интересираат колку и климата во Боливија.
Вие и само вие сте судијата на сопствениот живот.
2. Правете разлика помеѓу осудување од познаници и осуда од незнаење
Ги губите нервите поради туѓи коментари од луѓе кои воопшто не ве познаваат? Престанете да го правите тоа. Една работа е да добиете забелешка од пријателка, роднина или домашните, сосема друга од некој кој не игра апсолутно никаква улога во вашиот живот. Дистанцирајте се од ваквите и веднаш простете им – не знаат што прават.
3. Не ги охрабрувајте оние кои ви се љубоморни
Луѓето осудуваат поради неколку причини: од злоба, да ја разнишаат вашата самодоверба или да се ослободат од личните фрустрации. Но, најголем дел од нив се креатори за злобни и негативни коментари поради чиста љубомора на вашиот живот или успех. Не долевајте масло на огнот. Најдобриот лек – игнорирајте ги. Откако ќе забележат дека вие сте индиферентни кон нив, нема со што да се хранат понатаму, па коментарите секнуваат.
За крај, секогаш бидете поголемиот човек. Злобните и негативните коментари дочекајте ги достоинствено и изборете се на начин на кој нема да ѝ наштетат на вашата личност.
Истовремено, секогаш пред да упатите некаков коментар или забелешка кон некој друг, запрашајте се какво е чувството кога како бумеранг добивате слични.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





