Зошто дувањето свеќи на торта е најгрозната роденденска традиција?
Дувањето свеќички на торта е стара традиција која веќе долго време се практикува насекаде низ светот. Но, кога ќе се прашаме колку е тоа безбедно и добро за нас, одговорот не е баш најпозитивен...
Вирално видео во кое маж си ги гасне свеќичките од тортата со рака нѐ тера да се запрашаме дали треба да ставиме крај на долгата традиција која се состои од дување на роденденските свеќички. Во видеото, славеникот го нарекува дувањето свеќички „најлошата традиција во целото човештво“ и можеби е во право.
Едно истражување на Food Myths од 2012-та открива дека постои значајно зголемување на бактерии во тортата откако ќе бидат дувнати свеќичките.
Во статија на „Men’s Health“, Дона Дуберг, професор-асистент на универзитетот Сент Луис, ваквата роденденска традиција ја нарекува „едно од најодвратните нешта кои ги правиме без да размислиме“. Со неа се сложува и Др. Чарлс Герба, професор по микробиологија и природни науки на Универзитетот во Аризона: „Децата имаат поголеми шанси да настинат и да имаат грип.“
Ако веќе сте навистина загрижени за ширењето на бактерии на забавата од вашето малечко, а сепак сакате да ја зачувате оваа традиција, можете да купите одделна или помала торта за да ги дувате свеќичките. Уште една алтернатива е да служите колачиња, наместо торта.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





