Кога ви се чини како времето да ви лета: Како да го забавите?

Првото нешто кое ми го привлече вниманието кога започнав да ја истражувам оваа тема е тоа дека „времето не се забрзува како што старееме“. Си реков, супер, тоа е добро.

koga-vi-se-cini-deka-vremeto-leta-kako-da-go-zabavite-01.jpg

Посебно затоа што времето е самонаметнато, човечки измислено творештво, па и понатаму, сакам секоја секунда да остане секунда и секоја минута да остане минута, без разлика на моите години.

Идејата дека времето се проширува во нашата младост а се скратува како што старееме е навистина алармантна. Па, зошто ни се чини дека времето се забрзува кога старееме, зошто ни изгледа дека нашите први години од животот се многу подалеку од оние подоцните?

Секако, клучна е перцепцијата. Времето не се менува, меѓутоа се менува нашата перцепција за истото.

Работа на перцепцијата

Научниците на повеќе начини ја истражувале човечката перцепција за време. Некои истражувања ја вклучуваат нашата способност да го процениме времето. Некои пак, нашата свест за тоа како времето минува. Третата метода, го вклучува начинот на кој луѓето го доживуваат времето.

Резултатите од истражувањата покажале дека луѓето перципираат како времето да поминувало побавно додека биле млади одошто кога се постари.

Тоа сè уште нема смисла, но зошто доаѓаме до таков заклучок? Што од нашите сеќавања нè тера да ни се чини како времето да одело побавно додека сме биле помлади, отколку сега, кога сме постари?


Искуства, стрес и доживувања – времето лета

Психолозите Вилијам Фридман и Стив Јансен изнеле неколку причини зошто е тоа така.

„Појасно се сеќаваме на новите искуства, а како што старееме сè помалку работи ни се случуваат. Кога сме млади, целиот свет ни е нов, многу искуства можат слободно да се прогласат за единствени, но тоа не важи и за староста.“ – велат тие.

Незаборавните искуства ни изгледаат како подалечни, а само оние новите работи далеку подобро ги паметиме отколку веќе искусените.

Нашите сеќавања, наши непријатели?

Па, ако нашите сеќавања успеваат да нè измамат, дали можеме да го направиме спротивното?


Сè е до рутината. Ако успеете да ја промените рутината, нема да ви се чини како времето да се забрзува.

Променете ја својата рутина. Откажете се од вашите навики.

Ќе бидете изненадени како времето повторно „се забавува“.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg