7 лекции за парите кои секоја жена треба да ги знае
Финасиите се прашање кое на многу луѓе им задава главоболка и мачнина. А, посебен случај се жените, кои за разлика од мажите, се попознати по трошењето.
Ова се најдобрите совети и лекции поврзани со парите:
1. Не постои принц на бел коњ
Можеби и има принц на бел коњ, но никогаш не треба да се потпирате на него или тој да биде единствениот кој ги носи финансиските товари.
Како што знаете, навистина е важно уште мали нозе добро да ги разберете основите на финансиите и да бидете жена со стабилна иднина која може да стои сама. Во ред е да имате некој кој ќе помага, но не да зависите од него.
2. Парите не се страшни
Освен што не се страшни, ако добро раководите со нив може да имате навистина добар живот. А, раководењето со пари се учи, не е ништо страшно.
Финансиите не треба да бидат тема која ќе ја избегнувате, иако се тие предизвик во животот како и сѐ останато.
Оваа лекција треба да ви помогне да запомнете дека парите не се сѐ во животот и не треба да бидат застрашувачки проблем како што често правиме да изгледаат.
3. Штедете за големи работи
Ако сакате да одите на квалитетен одмор, тогаш посветете ја цела година за да успеете да си го обезбедите. Кога веќе штедите, правете разлика помеѓу потреби и желби – така најлесно ќе успевате да тргнете по некој денар настрана.
Испланирајте ја заштедата – т.е. колку треба да заштедите, до кога... Секогаш бидете еден чекор понапред и размислувајте тактички.
4. Уште отсега планирајте ја пензијата
Првата работа е одлична можност која треба да ја искористите и да започнете да ја планирате пензијата, макар и да станува збор за мала сума.
Магијата на временската вредност на парите значи дека токму тие мали напори ќе ви се вреднуваат на големи начини по некое време.
5. Имајте фонд за итни случаи
Без разлика дали ви треба или не, добро е да имате пари за „црни денови“. Тие колку-толку ќе ви обезбедат финансиска сигурност и храброст да се соочите со најтешките ситуации.
Никогаш не можеме да знаеме што ќе се случи и каде ќе ви притребаат парите.
6. Знајте ја вашата вредност на пазарот
Мора да си го цените трудот и квалитетот на работа што го вложувате на работното место. Реално, вие сте одлични, но има и слични на вас, а можеби и подобри. Но, тоа никогаш не смее да ве спречи да побарате повисока плата.
7. Понекогаш вреди да ги купите чевлите
Ние жените знаеме да имаме скап вкус, кој не секогаш можеме да си го дозволиме. Но, понекогаш тој пар чевли или таа чанта може барем малку да нѐ усреќи.
Особено ако зборуваме за квалитетно парче на кое можете да гледате како инвестиција. А макар и да станува збор за моментална (избрзана) одлука, не секогаш штети да си дозволите малку повеќе.
Особено ако напорно штедите долго, долго време.
С. С. | Црнобело