Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Милионери без средно

Дека богатството не е нужно поврзано со образованието докажуваат бројните ѕвезди кои на контото имаат милиони и покрај недостатокот на...

 

... средношколска диплома.

Некои од нив образованието го прекинале од потреба барајќи работа за да се прехранат себе и своето семејство, додека другите имаат ментори кои го препознаваат нивниот талент и знаат да го комерцијализираат.

"Инвеститорите повеќе гледаат на личноста и квалитетот на идејата, а помалку на школската диплома и искуството", тврди Бред Бурк, главен директор на Алијанса за технологија, која претставува инкубатор на таленти.

Иако веројатноста за успех со диплома со сигурност е поголема, редовно се појавуваат примери кои оставаат впечаток дека дипломата е само уште еден лист хартија.

Еве неколку примери според изборот на американското списание Форбс:

Џеј - Зиmilioneri-bez-sredno-1

Израснат е во Бруклин, еден од најопасните квартови во Њујорк, и со години бил дилер се додека не пронашол спас во хип-хопот. Во 1995 година го понудил својот прв сингл на издавачката куќа Деф Џем на која во брзо време станал и претседател.

Денес е еден од најбогатите рапери и продуценти  во Америка со нето заработка од 150 милиони долари, 10 Греми награди и 30 милиони продадени албуми.

Жизел Бундхен

Бразилката во светот на модата зачекори на 14 години кога во еден шопинг центар случајно ја открил ловец на манекенки. Во 1996 година за прв пат се појави на модната недела во Њујорк, а мината година заработи 25 милиони долари заблагодарувајќи се на договори со модните гиганти како што се Версаче и Диор

Џорџ Форман

Израснат е во сиромашен кварт во Тексас се додека не го пронајде својот тренер, кој го наговори на 15 години да започне боксерска кариера. Стана светски првак, олимписки победник, а по завшувањето на сопствената кариера и менаџер. Најмногу пари заработи како главен лик на реклами за Доритос, KFC , а во меѓувреме објави и сопствени еколошки средства за чистење, како и ресторани за брза храна, особено скара.

Сајмон Ковел

Најстрогиот член на жирито само за соучество во талент шоуто Американски Идол, Британија има талент и Факторот Икс заработи 75 милиони долари. Го прекинал школувањето на 16 години поради поштарската работа за EMI, а на 23 години ја основал издавачката куќа Fanfare.

Ричард Брансон

Синот на адвокат и стјуардеса го прекина школувањето на 16 години со цел да основа магазин за уметност и култура "Студент". На 20 години ја основа музичката куќа Вирџин Рекордс. Денес во склоп на Вирџин групацијата се 200 компании од 30 земји.

Би можело да ве интересира:

14 тату-артисти кои се доказ дека ниедна тетоважа не е невозможна (фото) „Одамна сакав да си направам тетоважа во чест на мојот починат мачор и омилениот...
Илина, Леона - Најубавите имиња за девојчиња родени во август Се верува дека сите кои го носат името Марина имаат висока самодоверба, но и маг...
Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...
10 работи за кои зрела личност нема потреба да се извинува, низ илустрации „Како немаш свој стан на 35 години?“ „Ќе раѓаш бебе на 40? Што си мислиш?“ - ова...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg