Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој е за чаша салеп?

Салепот ретко може да се најде низ нашите кафулиња, а претставува навистина едно слатко задоволство. Посебно кога времето е ладно, на место топло чоколадо ние ви препорачуваме да си порачате или можете и дома да си приготвите - чаша топол салеп.

koj-e-za-casa-salep-01.jpg

Зошто најчесто се пие салепот и какво влијание има?

Салепот е зелјеста, повеќегодишна лековита билка од фамилијата орхидеи, кој станал популарен во средниот век со доаѓањето на Арапите во Европа.

Содржи околу 50% слуз, составена од шеќери маноза и гликоза, 30% скроб, 10% сахароза и 10% вода.

Главни својства му се: антитусивно, емолиентно, антикатарално и афродизијачко.

Се подготвува со топло млеко или вода.

Слузта ги обложува дишните патишта во вид на филм, ги заштитува и ублажува воспаленијата и ја отстранува кашлицата. Затоа е многу ефикасен при бронхит, фарингит, ларингит, трахеит, настинка и грип.

Се препорачува како пријатен напиток кој може да се конзумира неограничено. Често се зачинува со ѓумбир или цимет. Опушта, релаксира и ја зголемува сексуалната моќ кај мажите и кај жените.

Значи освен за да си ја насладите душичката, може и да ви ја зголеми сексуалната желба.

Што чекате? Брзо на чашка салеп! Секако може и да споделите каде го подготвуваат најубаво.

koj-e-za-casa-salep-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
10 фото-докази дека времето остава белег Од факс машина со скенер користена толку многу низ годините што хартијата ја исе...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
16 фото-докази дека бракот никогаш не е здодевен „Дома почна да мириса на изгорена пластика, сопругот ме зеде за рака, ме одведе ...
„Тагата не е момент - таа не избледува само затоа што времето оди напред“ Светот може да очекува тагата да има рок на траење, да биде нешто што на крајот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg