Неколку работи кои вашата постара сестра никогаш не ви ги кажала

Кога сте помалото дете во семејството, не само што треба да ги слушате вашите родители, туку и постарите деца, исто така. А, понекогаш тоа прави да се чувствувате како сите да ви „шефуваат“.

nekolku-raboti-koi-vashata-postara-sestra-nikogash-ne-vi-gi-kazala-01.jpg

Ова чувство може да направи понекогаш да имате одбивност, да се жалите и да се бунтувате против оние кои ви наредуваат. Но, дали постои поинаков начин да се гледа на целата ситуација?

Постојат многу работи кои постарата сестра не ви ги кажала, а откриваат тајни кои ќе ве натераат поинаку да гледате на постарите неа:

1. Таа била воспитувана со построги правила

Таа била првото дете и единствено за подолг период, а твоите мајка и татко само што учеле како да бидат родители. Може да се каже дека, барем не знаеле што прават.

Тогаш стравувале да не направат грешки и во таквите случаи, поставувале построги правила.

Кога сте пристигнале вие на овој свет, веќе знаеле што прават и биле далеку пофлексибилни во однос на правилата.

2. Вашите родители секогаш ја потсетуваат дека е постарото дете

Постарата сестра мора да биде паметна, дури и тогаш кога не сака, кога сака да биде само дете или тинејџер. Мора да се предаде на ова, дури и тогаш кога не сака, но знае дека мора да биде одговорна.

Научила да биде одговорна токму за вас. Била научена дека мора да биде тивка, за да не ве разбуди додека сте спиеле мирно. Морала да биде мирна во градинка, за да бидете и вие мирни. Да ве проверува што сте правеле додека сте биле во основно. Да ви помага со домашната...

3. Се обидела и сè уште се обидува да биде добар пример за вас

Вашата сестра не можела да лудува многу иако била млада и посакувала. Морала да носи паметни одлуки за да биде добар пример за вас. Но, така и вие сте влијаеле на неа и сте ја терале секојпат да биде подобра од тоа што е.

4. Понекогаш сте биле вистинска катастрофа за неа

Морала да се соочи со голем број на тешкотии сама, а истовремено и да ви помогне со споделување на нејзините искуства, за сè да ви оди полесно.

Понекогаш ви звучела како досадна и ве иритирала, но само се обидувала да ве одбрани од проблемите на овој свет.

5. Знаела дека ќе направите грешки

Да, ви давала совети и ги делела нејзините искуства со вас, но исто така, знаела дека и сами морате да пробате како одат работите и да згрешите за да научите од сопствените грешки.

6. Помогнала вашите родители да ве разберат

Понекогаш морала да се стави во улогата на медијатор за да ве одбрани и да помогне вашите родители да го сфатат вашето однесување.

7. Се грижела за вас кога сте пораснале и сте започнале да се состанувате

Сигурно ви давала совети за тоа како да се однесувате покрај момците, како да разговарате со нив, како да изгледате.

Од една страна била среќна што сте среќни и вие, а од друга страна била исплашена дека некој ќе ви го скрши срцето.

8. Морала да биде строга со вас

Понекогаш можеби ви се чинело дека вашата сестра не се грижи за вашите проблеми или само дека сака да се шегува на ваша сметка, но тоа секогаш го правела за да ве мотивира да бидете подобри.

9. Понекогаш била збунета

Пробувала различни улоги, сакала да ви биде и учител и родител и сестра и заштитник и пријател. Но, најчесто воопшто не била сигурна во тоа што го правела.

10. Таа е секогаш подготвена да ви помогне

Вашата сестра секогаш ќе биде среќна да биде вашата прва личност кој може да ви наиде по пресрет, тогаш кога сте во неволја или се соочувате со проблеми.

Имајте на ум дека таа имала огромно влијание на тоа како сте се развивале како личност, не сте само сестри, ниту само пријатели, туку многу повеќе од тоа...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Славни мајки чии ќерки воопшто не личат на нив (но ја наследиле нивната харизма) Ќерката на Бијонсе ги „украла“ гените од татко ѝ Џеј Зи и е негова копија, за Ва...
Психологијата открива: Знаци кои покажуваат дека некоја личност мисли на вас Ако некоја личност честопати ја среќавате во вашите соништа, тогаш голема е веро...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотографии што ќе ве потсетат на безгрижните лета од детството Си игравме надвор додека не зајде сонцето и велосипедот ни беше омиленото превоз...
„Направете нешто смешно со фоткава“ - Кога Фотошоп генијалци сериозно ќе си ја сфатат работата „Може ли некој да го тргне мојот бивши од фоткава?“ - луѓе на Редит бараат од пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg