Совети од 96-годишна бабичка: Како секогаш да бидете млади во срцето?

Мојата баба секогаш претставуваше „сензација“ во нејзиниот град. Би рекла дека тоа се должеше на начинот на кој флертуваше и позираше пред камерата, како намигнуваше или ја прекрстуваше ногата - од 6 години, па сè до 96.

soveti-od-96-godishna-babicka-kako-sekogash-da-bidete-mladi-vo-srceto-01.jpg

Уште откако ја паметам таа се однесуваше како да е најубавата и најважна жена, а и може да се каже дека претставуваше најпаметна и најубава во околината каде ќе се појавеше, таа беше секогаш во добро расположение и ја искористуваше секоја можност да ја покаже својата грациозност.

А, можеби беше и до нејзината насмевка, ведрата насмевка која дофаќаше до срцата на сите кои имаат можност да ја слушнат, бидејќи беше искрена, топла и заразна.

Нешто како комбинација од Бети Вајт и Мерилин Монро - принцеза и старлета...

Но, ми се чини дека она што ја правеше навистина прекрасна жена, не беше само нејзиниот изглед, позите кои ги правеше или насмевката на нејзиното лице, туку и ставот кој го имаше општо за животот.

„Ако не можеш сама на себе да се насмееш, никој нема да те сфати сериозно“ - изјави еднаш сосема случајно додека береше рози од нејзината градина.

Малку ме подзамисли, добро се сеќавам, во еден краток момент бев убедена дека некако погрешно се изрази, но подоцна сфатив што сакала да ми каже.

Кога бев малечка обожавав да излегувам со неа, да се возиме во нејзиниот стар жолт автомобил.

Се сеќавам, еден ден, ми рече: „Ајде на прошетка да се почестиме малку, мислам дека сме го заслужиле тоа ние девојките.“

Во тој момент се насмевнав и едвај чекав да се држам за вратата од нејзиниот жолт автомобил, бидејќи имаше навика да прелетува по булеварите.

Тоа е среќна 96-годишна жена која досега еднаш се премажила,а сега сè уште, иако е сама, живее среќен и исполнет живот.

Бабо, сè уште правиш добри работи за мене, а твоите совети ги ценам како мудрости и се надевам дека ќе ги пренесам на моите ќерки еден ден.

20 начини како да останете млади од некој кој навистина знае како да остане млад:

1. Внимавајте на вашата фигура, бидејќи никој нема да го прави тоа наместо вас. Таа секогаш внимавала што јаде и колку вежба, но знаеше и да му покаже на светот дека не ѝ е грижа за тоа што мисли за неа.

2. Избегнувајте да поминувате време со луѓе кои постојано се жалат за тоа колку се чувствуваат стари. Само ќе ве влечат на дното заедно со себе и повеќе нема ниту вие да се чувствувате или да изгледате млади, како однадвор, така и однатре.

3. Вежбајте секој ден - редовно, без изговори. Не е важно колку сте уморни или мрзеливи. Доволно е само да се движите наоколу и да заборавите дека сте уморни, дури и ќе имате повеќе енергија отколку што сте претпоставувале на почетокот дека ќе имате.

4. Патувајте секогаш кога ќе можете. Да г гледате и откривате светот, само додава во вашиот живот. Мојата баба секогаш ја користеше секоја можност да открива некои нови, егзотични и фантастични места, дури и во своите 90-ти.

5. Дајте си време за да си ја испланирате иднината, да фантазирате за прекрасни работи кои ќе ви дадат причина да гледате нанапред и да чувствувате надеж. Секогаш кога разговарав со баба ми таа имаше нешто ново да ми каже што планира да прави порано или подоцна.

6. Бидете екстравагантни, барем понекогаш. Без разлика на тоа дали станува збор за поскапо парче чоколадна торта или некое парче облека кое прави да се чувствувате секси и гламурозно - секогаш можете да бидете среќни и да се чувствувате како одново да сте млади.

7. На дневна основа, јадете што сакате, пијте што сакате и кажувајте што сакате, но со доза умереност. Таа речиси секогаш уживаше во чаша црвено вино, но никогаш не се опијануваше, иако знаеше понекогаш за танцува поради тоа.

8. Флертувајте со животот, не само со мажи или жени, туку со сè што има животот да ви понуди. Тоа ќе направи да се чувствувате млади, полни со надеж и возбудени секое утро веднаш штом ќе станете од креветот.

9. Опкружете се себеси со ентузијасти, со паметни луѓе, со забавни и интересни луѓе и никогаш не се задоволувајте со просечно.

10. Бидете спонтани. Кога ќе направите нешто поразлично од вообичаеното секогаш ќе се чувствувате како одново да сте живи и млади. Баба ми секогаш правеше неочекувани патувања, кратки екскурзии и прошетки.

11. Никогаш не се сожалувајте себеси. Тоа е само губење на вашето скапоцено време и животот. Никогаш ја немав слушнато баба ми да се жали за својот живот или проблемите со кои се соочуваше.

12. Одвојте време за разубавување. Не можете да почувствувате депресија ако изгледате фантастично и се трудите да останете така.

13. Редовно честете се со прекрасни мали нешта, посебно кога не ви се чинат како потребни. Ова ќе ве потсети дека сте прекрасни и ќе направи да се чувствувате одлично. Баба ми секогаш се почестуваше со некоја нова книга, чевли или нов фустан.

14. Никогаш не викајте или размислувајте дека сте престари за да направите нешто. Не само што ќе се чувствувате старо, туку и ќе започнете да изгледате старо.

15. Живејте го животот така како што вие сметате дека треба да го живеете согласно со годините кои чувствувате дека ги имате, а не како што другите ви велат.

16. Секое утро кога ќе се разбудите кажете си на себе дека сте убави и неверојатни, посебно кога ќе дојдете до огледалото и ќе се погледнете во него. Баба ми редовно го правеше ова. Знам, еднаш „на дело“ ја фатив како си зборуваше на себе.

17. Читајте историја. Тоа ќе ве научи за другите луѓе, ќе ви покаже низ што сè минувале и ќе ве натера да бидете благодарни за тоа што го имате.

18. Веднаш штом ќе забележите дека ви надоаѓаат негативни мисли, заменете ги со некаква шега или смешна анегдота. Секогаш можете да гледате и некој смешен филм.

19. Брз разлика на тоа дали сте маж или жена, никогаш не седете во текот на денот во вашата долна облека или облеката во која спиете. Бидете дотерани, исчешлани и подготвени, ако треба и кралицата на Англија да ја запознаете.

20. Обрнете им внимание на децата, бидејќи тие знаат како да бидат среќни, безгрижни и млади.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледаат градинките во Кина: Децата готват на печки на дрва, мешаат малтер Деца од градинка сами мешаат малтер и градат шпорети за готвење. Сами носат дрва...
6 психолошки трикови за полесно да ги разберете луѓето „Ако некој се лути заради глупости, тоа значи дека му е потребна љубов“. Прочита...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Детали за животот на Швеѓаните што се „културен шок“ за секој турист Професорите не очекуваат учениците да им се обраќаат со „професоре“, а пијалаци ...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Стари (и подзаборавени) имиња за момчиња со убаво значење Секое име има значење и симболика кои кажуваат нешто за личноста која го носи. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg