13 работи за Папата Франциско кои не сте ги знаеле
Тој е папата со големо срце кој се откажа од голем број привилегии кои следат со титулата папа сакајќи да остане што повеќе во близина на обичните луѓе.
Иако е еден од најпознатите луѓе во светот постојат голем број на работи кои најверојатно не сте ги знаеле за неговиот живот и активности пред да биде избран за водич на Католичката црква.
Тој е омилен меѓу своите верници токму поради тоа што со своите постапки постојано бара начин да биде што поблизок со луѓето и да остане истиот мирољубив и добродушен свештеник кој отсекогаш бил.
1. Тој е првиот латиноамерикански свештеник кој застанал на чело на Католичката црква. Неговото вистинско име е Хорхе Марио Бергољо и е роден во Буенос Аирес, Аргентина. Најголемиот број досегашни папи потекнувале од Европа, од кои 200 била само од Италија.
2. Пред да се посвети на религијата, краток времески период работел како хемиски техничар.
3. Од 1964-та до 1965-та предавал литература и психологија во колеџот „Immaculate Conception“ во Санта Фе, а една година подоцна и во „Colegio del Salvatore“ во Буенос Аирес. Но работата како професор не го спречила да стане студент, па во 1986-та година докторирал теологија во Фрајбург, германија.
4. Бил на чекор да стане папа уште во 2005-та година. По смртта на папата Јован Павле II, тој бил вториот свештеник кој добил најмногу гласови на конклавата.
5. Знае тајно да се измеша меѓу луѓето. „BBC Rome“ објавила дека следното утро по неговото избирање за папа, во поворка со неозначени возила, отишол да се помоли заедно со останатите луѓе во една од римските базилики.
6. Го одбил луксузниот апартман кој следи со титулата папа избирајќи за себе скромен двособен стан.
7. Тој сака да биде во чекор со технологијата па често им дозволува на верниците да направат селфи фотографија со него. Тој од неодамна има и Инстаграм профил.
8. Неговата прва меѓународна посета како папа беше во Бразил, во јули 2013 година каде отворено и за првпат зборуваше за работи кои речиси никој негов претходник не ги споменувал: хомогени бракови, правата на жените, грижата за животната средина...
9. Тој е единствениот папа кој се нашол на насловната страна на „Rolling Stone“.
10. Тој има издадено сопствено поп-рок ЦД насловено „Wake Up!“ на кое може да се слушне папата како пее химни и држи говори а во позадина се слуша поп-рок ритам. Нешто кое мора да го слушнете за да поверувате.
11. Тој одбил да се вози во таканаречениот „Папамобил“ кој е целосно отпорен на куршуми изјавувајќи дека тој повеќе личи на конзерва за сардини. Сакајќи да биде што повеќе еднакв и близок со луѓето тој начесто се вози со сосема обичен „Fiat“ автомобил.
12. Како тинејџер, прележал сериозна инфекција заради која морал да се подложи на хируршки зафат при што му било отстрането едното белодробно крило, нешто кое со сигурност би можело да се избегне денес благодарение на напредната медицина.
13. Тој е првиот папа кој ја добил титулата „Човек на годината“ од страна на магазинот „Time“ во 2013-та година, благодарение на неговата човечност и едноставност.
М. С. | Црнобело