9 најчудни моќи и привилегии на Кралицата на Англија
Кралицата Елизабета Втора на сите ни е добро позната. Таа, освен што живее во најголем луксуз, има и некои други привилегии кои може да ги има само монархијата.
Ова се дел од нив:
1. Кралицата смее да вози без возачка дозвола
Кралицата научила да вози за време на Втората светска војна, кога оперирала со комбе за прва помош во Женскиот помошен територијален сервис. Таа е единствената личност во целото Обединето Кралство на која не ѝ треба регистрација или возачка дозвола.
2. Не ѝ е потребен пасош за да патува
Иако другите членови на Кралското семејство мора да имаат пасош, бидејќи сите пасоши од Велика Британија се издадени во името на Кралицата, таа не мора да го поседува.
3. Има можност да прославува 2 родендени
Да, таа е толку важна што има 2 дена во годината кога може да го прославува својот роденден. Едниот е во Април, а другиот во Јуни.
4. Таа има сопствен приватен автомат
Благодарение на банката Coutts, Кралицата има сопствен автомат лоциран во подрумот на Бакингемска палата.
5. Кралицата поседува многу животни
Освен мноштвото корги, Кралицата исто така ги поседува сите лебеди во реката Темза, сите делфини и китови во британските води.
6. Не мора да плаќа данок
Иако не мора, таа сепак своеволно плаќа данок уште од 1992-та година.
7. Скоро никогаш не смее да биде уапсена
Кога станува збор за судско гонење, кралицата има целосен имунитет. Таа и нејзиното семејство се поштедени од споделување на нивните информации – т.е. ако не мораат, никој не смее да пристапи до нивните информации.
8. Таа има сопствен поет
Моментално тоа е Карол Ан Дафи. Оваа позиција се доделува на поет чија работа има огромно национално значење.
9. Не смее да ја промени религијата
Заедно со нејзината кралска титула, таа исто така е главна на Црквата на Англија. Ова значи дека таа нема дозвола да ја промени својата религија или црква. Во случај да го направи тоа, титулата ќе ѝ биде одземена и друга личност ќе биде назначена за монарх на Велика Британија.
С. С. | Црнобело