Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 одлични хобија кои ќе направат да се чувствувате посреќно

Животот честопати ни покажува дека среќата е во малите работи кои ни го исполнуваат денот.

10-odlicni-hobija-koi-kje-napravat-da-se-pocuvstvuvate-posrekjno-001.fw.jpg

Многу од нашите активности со поврзани со слободното време, кое некогаш го имаме, а пак некогаш и не, па токму затоа најубаво е коа тоа време ќе го исполните со некое интересно хоби, кое не само што ќе ве одмори од секојдневните обврски туку исто така и ќе ве наполни со позитивни енергија.

Еве ги нашите предлози:

1. Научете да свирите некој музички инструмент

Голем број истражувања покажале дека музиката го намалува стресот и напнатоста, па ова би бил одличен начин за релаксирање и полнење на батериите.

2. Читајте книги

Книгите се одличен начин барем за момент да избегате од реалноста и да нурнете во светот на фантазиите. Научниците создале дури и термин, библиотерапија, кој се поврзува со моќта на книгите да ве натераат целосно да потонете во нив.

3. Научите да плетете

Плетењето повторно стана актуелно во последните години, па така да лесно можете да најдете некоја работилница каде се одржуваат часови токму за оваа интересна работа.

Она е што е интересно е како ритмичноста на работењето на вашите раце и фокусираноста врз иглите и конецот го ослободуваат мозокот од напнатоста и ве исполнуваат со среќа и задоволство.

4. Водете дневник

Истражувањата покажале дека многу полесно ќе научите да се ослободите од негативната енергија доколку сè она кое ве мачи го ставите на хартија. Но, не само тоа, пишувајте и за работите кои ве прават среќни, работите за кои се гордеете со себе и ќе сфатите дека во животот имате многу повеќе позитивни работи за кои треба да бидете благодарни.

5. Запишете се на курс по вајарство

Има нешто навистина магично кога од едно навидум обично топче глина ќе успеете да направите нешто навистина посебно како, чинија, ваза... Гледајте на глината како таа да го претставува вашиот живот, сè она кое не ви се допаѓа треба само малку да се потрудите да го измазните и поправите и веќе сте добиле нешто сосема ново.

6. Планинарање

Чист воздух, отворен простор, зеленило... што друго ви треба? Можеби добро друштво. Планинарењето е одлично хоби кое не само што ќе ве опушти туку има и значително влијание врз вашето здравје. Чистиот воздух и физичката активност поврзани со него ќе ви помогнат да ја одржите формата и виталноста, а ќе ви помогнат и во зајакнувањето на имунитетот и општото здравје.

7. Готвење

Најразличните бои, мириси, текстури се одличен активатор за сите сетила. Најдоброто е што после терапијата со готвење можете дополнително да уживате во дегустацијата на вашите ремек-дела.

8. Астрономија

Едно од најубавите хобија кое на магичен начин ја смирува секоја клетка во организмот. Ако не верувате едноставно застанете некаде темно место, по можност подалеку од градските светла и бучава, и погледнете нагоре. Сите тие ѕвезди на небото за момент ќе ве хипнотизираат и ќе ве натераат да заборавите на сите проблеми.

9. Градинарство

Постојат голем број придобивки од одгледувањето на растенија. Почнувајќи од потребната концентрација во нивното одгледување до задоволството од добиените резултати, градината ќе биде местото каде ќе можете во целост да се опуштите и одморите од сè она што ве опкружува.

10. Цртање

Истражувањата покажале дека самото гледање во едно уметничко дело создава чувство на еуфорија слично на чувството на заљубеност. Создавањето на сопствено уметничко дело има уште посилен ефект.

Никој не очекува од вас да станете следниот Пикасо или Ван Гог, па затоа земете ги четките во раце и пуштете ја фантазијата да го направи своето.  

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
Проблеми со кои ќе се соочите ако ѝ раскинете на нарцисоидна личност (низ илустрации) Може да станат бесчувствителни, да пробаат да ве врата со манипулација и да ви с...
8 фрази кои оставаат впечаток на помалку интелигентна личност ако често ги изговарате (дури и несвес... Размислете, колку пати сте сакале да префрлите вина на некој друг? Дали прерано&...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
„Најубавата работа ми ја кажа маж на смртна постела и ме трогна“ „Мој пријател на смртна постела ми кажа: ‘Aко има начин како да те чувам од друг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg