Тонењето на Титаник – приказна низ историјата!
Да, Титаник потона далечната 1912та година, и како една од најголемите трагедии низ историјата, се уште е актуелен и истражуван. Дел од фактите кои произлегоа...
...долго време по тонењето се заплашувачки и језиви. Филмот направен по вистинска приказна го потресе светот. Меѓутоа, постојат факти и докази кои до сега не сте ги виделе на филмот, и не сте ги занеле, а се повеќе од интересни:
• Денешните факти потврдуваат дека Титаник добил предупредување за близина на мраз, а сепак продолжил да плови со иста брзина кон мразот.
• Огрлицата Срцето на Океанот беше само зачинување на романтичниот момент во филмот Титаник, базиран на вистинскиот дијамант наречен Надеж. Набргу после промоцијата и приказната од филмот дијамантот дожеива своја креација од дијаманти од Сваровски, со 170 карати и 65 дијаманти.• Бродот беше пуштен да плови со бродови за спасување за само половина од патниците на Титаник-20 бродови за спасување доволни за капацитет од 1178 луѓе.
• Некои од бродовите кои беа пуштени за спасување беа полни само до половина.
• Помеѓу пријавените изгубени сопствености во несреќата, во Титаник беа загубени 3000 кеси пошта како и автомобил.
• Бродот имал затоплен базен-денес познатата сауна, кој што прв пат бил направен на брод.
• Титаник бил толку нов што дури и на денот на отпловувањето (10 Април, 1912година) на некои места бојата била сеуште свежа.
• Секоја приватна кабина имала електрични светла и греење.
• Од 1523 луѓе кои загинаа при тонењето на Титаник, само 306 тела не беа целосно распаднати.
• Иако правилата за приоритет биле јасни – жени и деца да бидат први кои ќе бидат спасувани, сепак имало многу повеќе преживеани мажи.
• Капетанот Смит имал желба откако ќе доживее Титаник да преплови безбедно преку Атлантикот, да се пензионира. За жал, таа желба му остана неостварена.
За бродот:
• Трошоците за градењето на Титаник изнесувале 7,500,000 долари.
• Биле потребни три години за целосно завршување на величенствената градба.
• Капацитетот на Титаник изнесува 3547 патници, плус персоналот.
• Титаник тежел цели 46,328 тона.
• Должината изнесувала 268 метри.
• Бродот потрошил 825 тона јаглен, само за еден ден.
• Најголемата брзина на Титнаик изнесувала 23 јазли, односно 11.832 м/сек.
Би можело да ве интересира:





