Живот без грижи?
Што размислувате во моментов? Колку различни мисли поминуваат низ вашата глава? Можеби некои настани од вчера? Некое разочарување? Реакцијата...
...на вашиот шеф? Проблемите со партнерот?
Ако размислувате на викендот кој ни доаѓа или пак на парите кои ги штедите за да ги инвестирате како што одамна сте планирале – тогаш вие сте паметни. И сте едни од ретките! Размислувате на конструктивен и позитивен начин.
Повеќето луѓе се оптеретуваат со минатото и со ситни моментални проблеми – Што ќе правам за ручек? Дали ќе научам за испит? Дали ќе ги завршам обврските?
Загриженоста за минатото или за иднината не ви носи никакво добро.
Така го заробувате својот живот со негативни мисли и енергијата ја трошите на непотребни мисли. Ориентирајте се на сегашноста и живејте безгрижно. Се што имате е овој момент сега.
Имате 2 можни сценарија:
Да ви се допаѓа она кое следи или да не ви се допаѓа. На голем број од работите во животот не можете да влијаете. Никој нема апсолутна контрола над својот живот. Затоа обидете се да се ослободите од грижите.
Денешниот ден е подарок кој ви е доделен токму вам! Свесно потрудете се да се фокусирате на она што се случува сега и како вие се чувствувате во моментот. Сетете се дека ве чека иднина која треба да ја уживате. Минатото нема да се врати, иднината е сепак несигурна, па затоа најважно е да се соочите со сегашноста и да ја создадете сопствената приказна.
Или како би рекле Тимон и Пумба – Хакуна Матата ;)
Би можело да ве интересира:





