Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како пасивноста ве спречува да постигнете сè што сакате во животот?

Колку сте пасивни зависи од тоа каков тип на личност сте, вашата перцепција за светот и вашето место во него, а секако и од специфичноста на дадената ситуација.

kako-pasivnosta-ve-sprecuva-da-postignete-se-shto-sakate-vo-zivotot-01.jpg

Пасивноста може да биде корисна стратегија и здрав механизам за соочување со некои ситуации. Но, исто така, може да стане и навика.

Кога пасивноста почнува да доминира во вашите одговори на дадени ситуации и ќе започне да го одредува вашиот пристап кон животот, тоа може да заврши со повеќе штета отколку корист.

Проблемот е во тоа што често не сфаќате дека сте станале пасивни и потценувате колку вашата пасивност е очигледна на другите.

Следнава листа треба да ви помогне да процените дали имате пасивни тенденции и како можете да ги промените:

Како пасивните луѓе гледаат на светот?

1. Својата иднина ја препуштаат на судбината

Кога започнувате да се препуштате на околностите и судбината се држите до убедувањето дека работите сами од себе ќе се средат. Тоа понекогаш може да биде вистина, но далеку подобро е да се обидете работите да ги преземете во свои раце и да се обидете да ги промените работите

2. Веруваат дека работите „едноставно се случуваат“

„Зошто секогаш ми се случуваат лоши работи?“. Реалноста е дека добри и лоши работи се случуваат на секого. Можете да чекате да ви се случи добра работа или можете да бидете поактивни и сами да се обидете да дојдете до добри работи во животот.

3. Ги мешаат неуспехот и судбината

„Мислам дека едноставно не ми е судено да...“ - реченица која многу пасивни луѓе постојано ја употребуваат. Неуспехот е дел од сечиј пат, а не последна станица. Избегнувајте ваков начин на размислување и секогаш имајте на ум три работи: трпение, упорност и доследност.

4. Веруваат дека „среќата“ е важна состојка на успехот

„Среќата не беше на моја страна“ - уште една реченица која често можете да ја слушнете од пасивните луѓе. Среќата, како и да сакате да ја дефинирате, не е под ваша контрола, но подготовката, трудот и времето се секогаш под ваша контрола.

Како пасивните луѓе комуницираат?

5. Нивниот говор е несигурен и неодлучен

Пасивните луѓе често ќе ги слушнете како ги употребуваат зборовите „не сум сигурен/на“, „можеби“, „хм...“. Начинот на кој зборувате е навика која лесно може да се промени, а најдобро е да бидете директни и да го кажете тоа што го мислите.

6. Постојано бараат одобрување

Пасивните луѓе своето мислење го сметаат за помалку вредно отколку на другите, но реалноста е дека ако сите заедно комуницираат, даваат предлози и мислења, подеднакво важно е и вашето.

7. Ги омаловажуваат своите ставови

„Можеби грешам, не сум експерт...“ - најчесто така започнува излагањето на ставовите кај пасивните луѓе. Таквото започнување на разговорот со сигурност ќе ве доведе до заклучокот дека не сте во право.

8. Неодлучни се

Можеби се обидувате да го намалите потенцијалниот конфликт од опциите кои ви се дадени како можност, но најчесто изгледате пред другата личност како да сте неодлучни и како да чекате на истата да ви го даде правилниот одговор.

Како пасивните луѓе ги препуштаат работите на другите луѓе?

9. Потребите на другите ги ставаат на прво место

Не значи дека треба да бидете себични и секогаш да се водите од личните потреби, но и спротивното, кога секогаш ги ставате туѓите потреби на прво место, ве прават пасивна личност. Она што треба да направите е да најдете баланс меѓу двете.

10. Кажуваат „да“ и тогаш кога сакаат да кажат „не“

Загрижени сте дека другата личност ќе биде повредена ако кажете „не“, но тоа зависи само од начинот на кој ќе го кажете тоа. Можете да бидете искрени, но секогаш треба да ги нагласите личните потреби и нивната важност.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како ќе изгледаа ѕвездите на Bridgerton ако беа ликови од цртаните на Дизни? Bridgerton е серија лкоја ја обожаваат сите генерации. Сите актери се внимателно...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Одлики што им се заеднички на успешните луѓе, според психолози Покрај очигледната самодоверба, ако сакате да бидете успешни, важно е да презема...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Нарачав вазна од TEMU, а добив слика - По 2 нарачки сфатив дека мора да го читам описот до крај Дали сте и вие „заразени“ со порачување производи на TEMU? Јас да, од првиот мом...
Разделбата на Чарлс и Дијана, пожар во замокот: Зошто 1992-ра била најлоша година за кралицата Елиза... Јавноста дозна за една од аферите на принцезата Дијана, кралицата мораше да одоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg