Откако открила дека има рак, ги посетила 7-те светски чуда за 13 дена

12 земји, 15 летови, поминати 45.401km, 5 ноќи во хотел, 13 дена и 7 посетени чуда - тоа се бројките кои ги наведува Меган Саливан.

otkako-otkrila-deka-ima-rak-gi-posetila-7te-svetski-cuda-za-13-dena-01.jpg

Оваа девојка паднала додека се качувала на Јосемитите, била удрена од автомобил и ѝ бил дијагностициран рак на кожата - сè само во еден месец.

Две недели подоцна решила да ги посети Новите 7 светски чуда во само 13 дена.

Прв ден: Чичен Ица

 „Откако паднав на Јосемитите започнав да се прашувам, зошто се изложувам на овие страшни ситуации, зошто сакам да се покажам? Што сакам да му докажам на светот?“ - објаснува Саливан.

otkako-otkrila-deka-ima-rak-gi-posetila-7te-svetski-cuda-za-13-dena-1.jpg

2 ден: Мачу Пикчу

„Како на филм, недела дена подоцна ме удри автомобил додека ја возев мојата Веспа и на преглед открив дека имам рак.“ - додава.

otkako-otkrila-deka-ima-rak-gi-posetila-7te-svetski-cuda-za-13-dena-2.jpg

4-ти ден: Статуа на Исус Христос Искупителот

„Сфатив дека после сè, преживеав, па морав да го искористам моментот и да направам нешто големо во мојот живот.“ - објаснува таа.

otkako-otkrila-deka-ima-rak-gi-posetila-7te-svetski-cuda-za-13-dena-3.jpg

6-ти ден: Колосеум

„Во мојот живот, најголемите моменти на учење, дојдоа со некаква загуба. Од несреќите доаѓаат радикални промени, се отвора место за потрага по нешто ново“.

otkako-otkrila-deka-ima-rak-gi-posetila-7te-svetski-cuda-za-13-dena-4.jpg

8-ми ден: Петра

„По најлошиот месец од мојот живот, започнав да мислам за тоа како го живеам мојот живот. Дојдов до едно сфаќање... единствената работа која ме сопира од тоа да имам сè што ќе посакам сум јас“.

otkako-otkrila-deka-ima-rak-gi-posetila-7te-svetski-cuda-za-13-dena-5.jpg

11-ти ден: Таџ Махал

„Секогаш си велев дека немам доволно време и пари, но тоа беа само изговори. Она од што се плашев навистина беше неуспехот. Морав да престанам да мислам дека моите цели се невозможни“.

otkako-otkrila-deka-ima-rak-gi-posetila-7te-svetski-cuda-za-13-dena-6.jpg

12-ти ден: Кинески ѕид

„Единствено нешто за што се каам во животот се пропуштените можности кои никогаш не сум ги искористила. Оваа година решив да искористам една.“ - така ја завршува својата приказна оваа храбра девојка.

otkako-otkrila-deka-ima-rak-gi-posetila-7te-svetski-cuda-za-13-dena-7.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Зошто „Reels“ на Инстаграм ни создаваат зависност (и кои се последиците)? Кратките видеа предизвикуваат ослободување допамин кој ни го подобрува расположе...
7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
Трикови за да откриете дали накитот што го купувате е вистински или копија? Знаете ли дека вистинските бисери имаат рапава површина, а не мазна и дека траги...
Според нумерологијата и датум на раѓање: Личности кои најдобро знаат да даваат совети Иако оваа способност може да ја имаат личностите родени на кој било да...
Убавината им е во гените - Како изгледаат славните жени и нивните ќерки на иста возраст? Како изгледала Кетрин Зита-Џонс на 20 години, а каква е нејзината ќерка Карис на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg