Заборавете на приватен живот
"Што не чека во 2030 година?" е главното прашање со кое се занимаваa учесниците на конференцијата на Европската академија за жените во...
...политиката и економијата која се одржува во Берлин.
Иако се појавија различни мислења и сценарија, стручњаците се сложија околу една работа - во иднина, уште повеќе време ќе поминуваме на работа, а на шефовите ќе им бидеме на располагање секогаш и во секое време.
Бизнис светот ќе стане поженствен, пофлексибилен, но и понапорен, а главниот виновник ќе биде новата технологија кој речиси ќе го избрише класичното 8-часовно работно време.
Имено, паметните телефони (smartphones) и џебните сметачи ќе се погрижат за тоа работата се повеќе и се почесто да биде составен дел од приватниот живот.
Најмногу промени може да очекуваат мажите кои ќе мораат да се опростат од класичната улога на мажот како 'глава на семејството' и да се соочат дека во иднина ќе бидат рамноправни со својата жена.
60 работни часа во неделата ќе станaт обичај кај повеќето фирми, а во пензија нема да се оди пред 70-та година од животот.
Стручњаците воедно предвидуваат дека бројот на високообразована работна сила ќе се намали за 5 милиони лица, така што преостанатите добро образовани лице ќе имаат поголема преговарачка моќ со работодавците.
Би можело да ве интересира:





