Пливал со крокодил долг 335цм
На брегот на Куба еден нуркач прикажува челични нерви пливајќи веднаш до 3,40 метри долг крокодил. Ризикувајќи го својот живот за потенцијалното...
... смртоносно искуство, нуркачот Израел Гонзалес кој има 31 година, 2 часа беше толериран од најсмртоносната машина на природата.
Пливајќи во област позната како The Queen's Gardens (Градините на Кралицата), женскиот крокодил се враќал во неговото гнездо во еден од педесете мали острови кои го сочинуваат овој крајбрежен рај.
Околу 60 милји од јужниот брег на Куба, Гонзалес и подводниот фотограф Дејвид Дубиле се движеа во чекор со огромниот крокодил за сето време на нивната средба.
"Овој крокодил покажа многу безопасно однесување за суштество што го бие вака лош глас" вели Дубиле
"За фотографија од дивиот свет ова беше екстремно возбудлива можност не само заради реткоста на овој вид на крокодил, туку и заради држењето чекор со самото животно".
Патувањето на ова место со нуркачки тим, кој исто така вклучува локални кубански рибари, пловеше со рибарски брод по островскиот синџир обидувајќи се да го избегнат американскиот крокодил.
"Повеќето луѓе незнаат дека живеат крокодили на Американскиот континент. Претпостауваат само дека нив ги има само во Египет, Африка или Австралија. Има околу 1500 американски крокодили кои живеат на Флорида и истиот број го има и во Централна и Јужна Америка и се класифицирани како загрозени видови".
Движејќи се покрај крокодилот, Дубиле и Гонзалес беа свесни дека ситуацијата во секој момент може да земе пресврт и да стане опасна по живот.
"За жал немавме заштитна опрема на нас. Немавме ни стапови или харпуни, буквално ништо што би ни помогнало и би ни го спасило животот. Но и покрај тоа не бевме загрижени, само бевме внимателни да ги знаеме нашите граници и да не го вознемируваме суштеството. Бевме таму само да ја набљудуваме ова ретка појава" изјави Дејвид.
Би можело да ве интересира:





