Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кинез ја отворил авионската врата неколку моменти пред полетување: Сакал само да влезе свеж воздух

Постојат работи кои едноставно не можете да ги правите кога сте во авион и една од нив е дека во никој случај не смеете сe обидувате да ја отворите вратата или прозрците.

Kinez-ja-otvoril-avionskata-vrata-nekolku-momenti-pred-poletuvanje-sakal-samo-da-vleze-malku-svez-vozduh-001.jpg

Сепак еден човек од Ченгду, град во кинеската провинција Сичуан, решил да ја отвори вратата за итни случаи во авионот за да влезе малку свеж воздух само неколку минути пред полетувањето.

Летот како резултат на ова бил одложен за околу еден час, бидејќи вратата морала повторно да биде затворена и да се направи безбедносна проверка.

Подоцна човекот им објаснил на членовите на кабинскиот екипаж дека сакал да ја отвори вратата, бидејќи внатре било премногу задушливо.

Авионот првично требало да полета во 9:55 од Меѓународниот аеродром во Ченгду, но заради постапката на патникот полетал дури во 10:52 часот.

Портпаролот на аеродромот изјавил дека авионот „Боинг 737“ бил пред безбедносниот излез со 130 патници кога бил пријавен инцидентот со вратата.

Тој дополнително објаснил дека штом вратата се отвори таа треба повторно да биде затворена однадвор од екипажот кој се наоѓа на пистата и да се изврши повторна проверка на целиот авион. Целото тоа довело до доцнење на летот од 40 минути.

Kinez-ja-otvoril-avionskata-vrata-nekolku-momenti-pred-poletuvanje-sakal-samo-da-vleze-malku-svez-vozduh-002.jpg

Според законите кои важат во Кина патник кој предизвикува намерно уништување на авионот или ја загрозува безбедноста на другите патници и предизвикува сериозни последици може да биде кривично казнет.

Сепак, ова не првпат патник да се обиде да отвори врата во авион во Кина. Во 2015-та година, двајца луѓе биле уапсени заради отворање на вратата за итни случаи после кавга која избувнала заради доцнењето на летот. Еден од нив бил туристички водич кој поминал 15 дена во притвор заради неговата постапка. 

Kinez-ja-otvoril-avionskata-vrata-nekolku-momenti-pred-poletuvanje-sakal-samo-da-vleze-malku-svez-vozduh-003.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Докази дека жените поседуваат супер моќи, низ (смешни) илустрации Смешни илустрации кои ќе ве натераат да помислите дека жените навистина имаат су...
Морничави вистински приказни: Луѓе кои си го уништиле животот со една лоша одлука „За предизвик, дечко изеде полжав и се зарази со опасен паразит. Беше во кома и ...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...
Преголема самодоверба и уште 7 „добри“ карактеристики кои луѓето потајно ги мразат Обично луѓето кои се соочуваат со проблеми сакаат некој да ги разбере, некогаш и...
Која е жената која е инспирација за Роуз од „Титаник“? Беатрис била заљубена во индиски научник но уште на почетокот на врската знаела ...
На 8 години останала без едно око, а денес е една од најубавите жени во БиХ – Неверојатната приказна... „Недостигало милиметар да го изгубам другото око, милиметар за да не ми биде ниш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg