Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Магионичар ги открива 7-те најголеми трикови

Магионичарот Стивен Фрејн, познат како Динамо, претстави низа импресивни фотографии на кои можеме да го видиме како излегува од воден ѕид, како лебди во воздух и користи двокатен автобус како скејтборд.

Magionicar-gi-otkriva-sedumte-najgolemi-trikovi-05

Илузионистот од Бредфорд се прослави со телевизиската серија „Magician Impossible“ која само во Британија има повеќе од 30 милиони гледачи, а неодамна откри неколку од своите најголеми илузии, за кои тврди дека може да ги изведе секој – потребен е само мобилен телефон и неколку други реквизити.

Илузија бр. 1 – Годзила

Magionicar-gi-otkriva-sedumte-najgolemi-trikovi-01

На оваа фотографија Динамо доминира во однос на лондонската улица. За да го постигне овој ефект тој направил минијатурна верзија на улицата и искористил неколку реквизити кои нè тераат двапати да ја погледнеме фотката.


Илузија бр. 2 – Столица во паб

Magionicar-gi-otkriva-sedumte-najgolemi-trikovi-02

За оваа илузија магионичарот користи столица поставена подалеку во просторот. Кога истата ќе се доведе во линија со предметите кои се во прв план, личноста која седи на столицата делува минијатурно, како во овој случај, кога Динамо седи на столицата.


Илузија бр. 3 – Воден ѕид

Magionicar-gi-otkriva-sedumte-najgolemi-trikovi-03

„Сакав да направам кул снимка со вода“ изјавува Динамо. „Успеав да ја направам оваа неверојатна фотографија на која изгледа како да излегувам од воден ѕид така што едноставно ја свртев фотката.“ Магионичарот и неговиот тим спуштиле огромно огледало во базенот, благодарение на што фотографијата на Динамо во одело и со чадор од водата изгледа навистина спектакуларно.


Илузија бр. 4 – Матрикс

Magionicar-gi-otkriva-sedumte-najgolemi-trikovi-04

За да создадете впечаток дека стоите на работ од ѕидот, треба да најдете соодветна локација, како на пример, бетонска клупа.

„Авионот од хартија го засилува впечатокот, бидејќи создава сенка и ја изместува вашата ориентација. Оваа фотографија е направена со брзофокусирачката камера на „Samsung S7“ за да може да се фати и авионот во лет.“


Илузија бр. 5 – Скок со „BMX“

Magionicar-gi-otkriva-sedumte-najgolemi-trikovi-05

„Кога бев мал возев BMX и секогаш се обидував да ги изведам и најлудите акробации, иако не ме биваше баш многу за тоа“ – објаснува магионичарот.

„За да изгледате како вистинска спортска ѕвезда потребна ви е имагинација и птичја перспектива“. На фотографијата Динамо и пријателите всушност лежат на улица а птичјата перспектива е таа која ве тера да помислите дека тој навистина прескокнува преку нив.


Илузија бр. 6 – Чевли

Magionicar-gi-otkriva-sedumte-najgolemi-trikovi-06

Ова е убедливо наједноставниот трик кој го користи Динамо. Сликајте од низок агол и поставете ги чевлите така што ќе бидат во линија со вашите стапала. На некој начин, оваа илузија е слична на првиот трик, бидејќи и во двата случаи наметнатата перспектива создава впечаток дека нешто е многу големо, а нешто многу мало.


Илузија бр.7 – Мери Попинс

Magionicar-gi-otkriva-sedumte-najgolemi-trikovi-07

Оваа фотографија покажува ефект кој може да се постигне со камера со супер брза експозиција како што е таа на „Samsung S7“. За оваа фотка потребна ви е трамполина и парче небо. Потрудете се да изгледате како да одите, а не како да скокате.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дечко ми ме побара за жена со прстен од 38 долари, а заработува 200.000 годишно - му кажав дека не ... „Ми се допадна прстенот, но кога видов дека го порачал од онлајн продавницата Te...
Како „од око“ да познаете дали намирниците се свежи пред да ги купите или употребите? Дали знаевте дека оризот што го чувате подолго од 1 месец на собна температура м...
Момци со брокула фризура, претерани филери и уште 11 трендови од последната декада што на луѓето им ... Дали во последниве години стана тренд да се остава бакшиш за секоја можна услуга...
Животни лекции кои некои луѓе (за жал) ги учат премногу доцна во животот Не можете да контролирате сè и колку побргу го сфатите тоа, толку посреќни ќе би...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
Како изгледаа музичките концерти кога немавме мобилни телефони? (фото) Во времето без мобилни телефони луѓето палеа запалки за да направат „ѕвездено не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg