5 фасцинантни култури кои наскоро можат да исчезнат

Племенските луѓе од целиот свет се бранат од влијанието на модерното општество кое ги исмејува нивните права и начинот на животот.

5-fascinantni-kulturi-koi-naskoro-mozat-da-isceznat-01

Ова се 5 фасцинантни домородни култури се на работ на истребување:

Самбуру

Стотици години самбуру народот талкаше по полупустинската северна Кенија во потрага по вода и трева кои се единствениот извор на храна. На самбуру им се закануваат интензивната суша и Кенијските власти. Полицијата ги силува ги тепа и ги пали нивните куќи.

Неодамнешните малтретирања започнаа откако две американски добротворни заедници купиле земјишта кои ги подариле на Кенија, за да се создаде национален парк. Добротворните организации веруваа дека земјиштето му припаѓало на приватен сопственик. Поради ова илјадници самбуру семејства биле принудени да се преселат.


Лоба

Скриено во Непал, на Хималаите е поранешното тибетанско царство Мустанг, исто така познато како Ло. Ако влезете во главниот град, чувството што ќе го имате е како да сте се вратиле во 14-от век.Мустанг беше затворен за повеќето странци до 1992 година, а до него се доаѓало само пеш или на коњи.

За нивната историја се дозна од античките текстови, насликани мурали, и други религиозни артефакти откриени вопештерите на Мустанг, изградени во стрмните карпи. Жителите на Мустанг се нарекуваат Лоба, тие живеат без модерна технологија, со неколку образовни можности за нивните деца.

Кина сака да изгради нов автопат помеѓу градовите Ласа во Тибет и Катманду  во Непал, кој би го направил Мустанг дел од главниот трговски пат. Додека некои жители на Мустангот ја поддржуваат модернизацијата нивните лидери се загрижени дека тибетанската будистичка култура ќе биде изгубена засекогаш.


Ава

Пред нивната територија да биде поделена, номадското племе ава живеело во хармонија со амазонската прашума во Бразил со векови. Тие биле ловци-собирачи. Жените понекогаш доеле мајмуни и мали свињи. Потоа, во 1967-та година, американските геолози случајно го пронашле најголемиот светски депозит на железна руда.

Територијата на Ава била нападната од дрвосечачи, фармери и доселеници, кои уништиле големи делови од шумите поради минерали и други ресурси. Денес постојат само околу 350 жители на ова племе од кои 100 немаат контакт со аутсајдерите.


Cocopah

Cocopah значи „речен народ“. Овие домородци се занимавале со рибарење повеќе од 500 години во делтата на реката Колорадо, во Аризона, САД. Денес ова племе го чинат само околу 1.300 лица. Тие немаат традиционално пишан јазик.


Ladakhis

Замислете најидилична култура полна со трпение, толеранција, чест... Луѓето секогаш си помагаат едни на други, не постојат пари, а исто така не постои сиромаштија. Лажење, крадење, агресија и аргументи се речиси непознати. Големи злосторства едноставно не постојат. Културата Ladakhis е токму тоа.

Високо на Хималаите во северната индиска држава Џаму и Кашмир. Со малку средства и без модерна технологија, ова племе било речиси целосно изолирано до 1962 година. После 70-те години племето почна да се меша со туристите и да ги гледа филмовите и начинот на животот на модерното општество.

За првпат тие се почувствувале сиромашно и инфериорно. Нивната самоодржлива култура и нивната семејна структура почна да се распаѓа поради материјалното богатство. Со модернизацијата  тие стананле себични, конкурентни, фрустрирани и нетолерантни кон другите религии.

М. А | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 популарни имиња со силно значење за момчиња и девојчиња родени во октомври Ако вашето бебе треба да се роди во октомври, а вие и понатаму немате избрано им...
Фотки од неверојатни коинциденции - мора да ги погледнете двапати за да поверувате (фото) Некои коинциденции се толку апсурдни што треба да погледнеме двапати за да се ув...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Како изгледаа музичките концерти кога немавме мобилни телефони? (фото) Во времето без мобилни телефони луѓето палеа запалки за да направат „ѕвездено не...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg