Како старите и валкани предмети да изгледаат како нови?
Дали некогаш сте биле разочарани од фактот што не можете старите омилени предмети да направите да изгледаат како нови? Веројатноста е дека можете, но не сте ја знаеле тајната како да го решите проблемот.
Ако имате омилени предмети кои сè уште не сакате да ги фрлите, туку сакате да направите да изгледаат како нови, постојат 11 одлични решенија кои можат да ви помогнат:
1. Даски за сечење
Даските за сечење можете да ги исчистите со сунѓер натопен во сок од лимон и сол.
2. Бакарни садови
Бакарните садови се сметаат како најдобри за готвење, а за да можете да направите да изгледаат како нови - употребете сол и оцет. Нанесете на површината сол, а потоа истурете оцет и тријте со сунѓер.
3. Чинии
Гребаниците на чиниите можете лесно да ги отстраните со помош на средство за полирање специјално наменето за порцелан.
4. Тави за печење
Ако имате запечени остатоци од масти и храна на тавите потребна ви е паста од хидроген и сода бикарбона. Оставете ја пастата на тавата да отстои 30 минути и истата ќе биде како нова.
5. Теписи
Потребно е да направите смеса од една третина оцет и две третини вода. Смесата ставете ја во прскалка и испрскајте го делот од тепихот каде има дамки. Вклучете ја пеглата. На делот каде се наоѓа дамката ставете крпа и над неа 30 секунди оставете ја пеглата.
Уште 6 совети на следната страна...