Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Човечки греачи во кревет?

Не се работи за никаква шега, навистина - ланецот на хотели Holiday Inn се одлучи на оваа необична метода како одморот на своите гости би бил...

 

... уште попријатен.

Подвижните "греачи за во кревет" ќе бидат поставени во посебни оделенија близу вашата хотелска соба со цел да ја загреат вашата постела за вие да можете мирно и сигурно да запловите во светот на бајките.

Др. Крис Идџиковски, специјалист за проблеми поврзани со спиење, смета дека оваа идеја  може навистина да им помогне на луѓето побрзо да заспијат.

covecki-grejaci-vo-krevet1

"Постојат многу докази кои укажуваат на тоа дека сонот почнува во почетокот на ноќта, кога температурата на телата опаѓа. Тоа делумно се случува затоа што крвните садови на рацете, лицето и стапалата отпуштаат топлина. Топол кревет, чија температура  се движи меѓу 20 и 24 степени Целзиусови, е добар начин да се започне овој процес, додека ладен кревет може да го наруши."

Претседателката на хотелот објаснува дека чувството на  вака загреан кревет е како да имате голема боца врела вода во постела.

Бесплатно, петминутно греење на кревет за сега е достапно само во Лондон и Манчестер.

Би можело да ве интересира:

6 (изненадувачки) причини заради кои може да ви побараат да го напуштите авионот пред летање Ако се расправате со стјуардесите или носите премногу провокативна облека, сосем...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...
Доза носталгија: Работи што ги правевме во детството, кога немавме интернет Решававме квизови во списанија и чекавме да ни го развијат филмот во фото-студио...
Го промени светот, но умрел сам, во сиромаштија – Тажниот живот на Никола Тесла Никола Тесла е научникот кој го модернизира светот, но и покрај достигнувањата, ...
16 фото-докази дека бракот никогаш не е здодевен „Дома почна да мириса на изгорена пластика, сопругот ме зеде за рака, ме одведе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg