Тајни кои ги откриваат вработените во „IKEA“
Сигурно повеќето од нас имаат дома некаков производ од „IKEA“. Можеби дури и додека го читате ова седите на столче или лежите на кревет од „IKEA“.
„IKEA“, компанијата со шведско потекло, во моментов важи за еден од најголемите компании за малопродажба на мебел, со продадени милиони парчиња мебел на годишно ниво и годишни заработки од милијарди долари.
Со бројка од над 150 илјади вработени, посебниот жаргон на вработените е секако на едно завидно ниво.
Ова се најинтересните работи кои тие ги откриваат:
1. Патеката означена со стрелки има кодирано име
Позната како „Долга природна патека“ оваа патека означена со стрелки е како невидлив дух кој ве води за рака низ сите делови од огромната продавница не дозволувајќи да пропуштите апсолутно ништо.
2. Постојат тајни скратени патеки
Сакате да стигнете до делот за спални соби без да морате да ги поминете сите делови? Секако дека постојат скратени патеки, но трикот е во тоа што тие воопшто не се одбележани па ќе мора да се потрудите да ги забележите сами.
3. Но внимавајте со скратените патеки, тие постојано се менуваат
За да не ја избегнувате постојано нивната обележана патека, вработените во „IKEA“ одвреме навреме ги менуваат овие скратени патеки, така што не се навикнувајте премногу на нив.
4. Ѕидовите се движат
Ѕидовите всушност имаат вградени тркала со кои е лесно да се поместат од едно место на друго што значително ја олеснува реорганизацијата на просторот.
5. Луѓе купуваат цели соби баш како што изгледаат во продавницата
Понекогаш се случува да дојдат луѓе и толку многу да им се допадне како е уредена и организирана собата што решаваат да ги купат сите предмети дури и до најмалиот детаљ.
6. Дел наречен „Отвори го паричникот“
Секоја продавница на „IKEA“ има посебен дел каде се изложени сите предмети кои му се потребни на секое семејство, подметачи, батерии, аларми, предмети кои навидум нема да ве чинат многу, но трикот е во тоа што никогаш нема да останете само на еден таков предмет.
7. Можете слободно да се испружите на креветите
Сите изложени предмети на „IKEA“ се нешто кое можете да го допрете, да седете па дури и да подлегнете. Сега доколку западнете во длабок сон имајте на ум дека после 1-2 часа некој од вработените ќе дојде и ќе разбуди.
8. Но, најверојатно нема да сакате
Според една од вработените, перниците на креветите се менуваат еднаш месечно, а нивните навлаки само кога навистина се валкани. Истото важи и за ќебињата и прекривките.
9. Тие би сакале да престанете да ги отворате производите
Сите производи кои ги има се изложени. Можете слободно да ги допрете, да ги почувствувате, да легнете на нив. Но, сепак луѓето имаат некоја чудна желба да отпакуваат целосно нов производ, кој подоцна не може да се продаде во таква состојба.
10. Обучени се да не ви нудат помош при изборот
Правилото е дека не треба да се пристапи кон клиент сè додека тој не побара помош од вас. Истото важи и за магацините каде луѓето треба сами да ги најдат и кренат саканите производи кои понекогаш може да бидат доста тешки, па тие ќе пристапат само доколку навистина се потребни.
11. Книгите изложени на полиците често им припаѓаат на самите вработени
„IKEA“ има голем број на најразлични полици кои кога ќе се донесат се целосно празни. За купувачите да имаат подобро визуелна претстава како тие би изгледале во нивниот дом од вработените се бара да донесат книги од домашните библиотеки со кои би се пополниле полиците.
12. Најпопуларните производи се библиотеката „BILLY“ и масичката „LACK“
13. Биле сведоци на голем број расправии
Ако сакате вистински тест за вашата врска доволно е да отидете во една од нивните продавници. „Еднаш налетав на пар кој сакаше да купи килим. Тој беше толку многу лут, а таа само што почна да плаче. На крајот, кога испадна дека веќе немаме таков килим работите беа уште полоши“ – изјавува една од вработените.
М. С. | Црнобело