17 навики кои секоја жена треба да ги има додека наполни 30 години

Навиките се нешто на кое треба да се работи. Стекнувањето на добри навики и исфрлањето на лошите понекогаш и не е така лесно.

17-naviki-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-dodeka-napolni-30-godini-01.jpg

Сепак, постојат одредени навики кои е важно секоја жена да ги стекне додека наполни 30 години, за кои подоцна ќе си биде многу благодарна на сама на себе.

Ако сте жена во средните или доцни 20-ти, започнете да ги практикувате на време:

1. Ставете ги чиниите во машината за миење истиот ден кога ги користите наместо да чекате да се натрупаат. Ви беше многу напорно кога вашата мајка ви го зборуваше тоа, но сериозно, почнете да го правите тоа. Ќе ви биде мило кога сите пријатели ќе имаат проблеми со бубачки, а вие ќе си живеете спокојно.

2. Јавувајте им се редовно на родителите. „Здраво мамо, како си? Да? Да. Знам. Ќе купам палто. Во ред, те сакам, чао.“ Тоа е сè.

3. Читајте вести секое утро. Сите вести од светот ги имате на вашиот телефон. Буквално сè ви е на допир на раката. Дури и да не ви е грижа за вестите од светот, барем ќе можете да звучите паметно на собирите.

4. Правете си кафе барем секој втор ден наместо да купувате. Кафето кое го купувате сигурно чини барем 40 денари. На тој начин ќе заштедите 160 денари неделно. Тоа се 640 денари месечно. 7.680 денари годишно. Одличен буџет за шопинг!

5. Вежбајте по малку секој ден. Станете и отидете во прошетка додека слушате музика. Или запишете се на часови за јога или некои чудни африкански танци со вашите пријатели после работа. Правете што било, само активирајте се на некој начин. Знаете дека се чувствувате подобро кога вежбате.

6. Секогаш однесете нешто на забава. Тоа нешто е најверојатно шише алкохол. Или десерт. Или миризлива свеќа и кибритчиња. Или забавна игра со карти. 

7. Појадувајте. Купете јогурт/млеко и житарки; изедете некоја житна плочка додека одите на работа и тоа е тоа, ете појадок.

8. Згответе си здрава вечера барем неколку дена во неделата. Да, тешко е да готвите само за себе, но ќе сфатите дека чувството додека го правите тоа е всушност прекрасно. А, за деновите кога многу ве мрзи само направете полна чинија салата и работата е завршена.

9. Определете време после кое нема внесување кофеин и држете се до тоа. Нема ништо полошо од тоа да лежите во кревет и да имате толку вишок енергија што никако не можете да заспиете.

17-naviki-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-dodeka-napolni-30-godini-02.jpg

10. Носете кондоми. Да, општоприфатено е дека мажите се задолжени за кондомите, но не ги оставајте работите на случајноста. Тоа што тој нема кондом (или не сака да користи) не е доволна причина за да си помислите „Добро сигурно нема да закачам некоја болест“.

11. Редовно мерете ја тежината. Ова не е за да ја постигнете идеалната тежина или за да ослабете. Повеќе е за да го запознаете сопственото тело, наглите промени ќе ви покажат кога треба да внимавате на здравјето и да обрнете повеќе внимание на себеси.

12. Истегнувајте се секој ден. Тоа може да биде 10 минути јога наутро или едноставно да се наведнете допирајќи ги прстите на нозете додека гледате телевизија. Сето тоа ќе ви помогне да ги одржите здрави мускулите и зглобовите.

13. Оставате го некое време телефонот настрана. Најчесто сите стануваме и веднаш го земаме телефонот, потоа одиме на работа и седиме цел ден пред компјутер, за на крај да си дојдеме дома и повторно да го земеме телефонот во раце. Она што не го забележуваме е колку се уморени нашите очи и колку им е потребен одмор.

14. Не чекајте да ви се испразни фрижидерот целосно за да одите во супермаркет. Едноставно кога ќе забележите дека нешто е при крај купете ново, не чекајте целосно да се потроши бидејќи во спротивно можеби ќе немате време или ќе биете премногу уморни.

15. Чистете ја шминката од лицето секоја вечер. Чистење подразбира отстранување на шминката и темелно миење, нешто за кое понатаму во животот ќе си бидете многу благодарни.

16. Поставете аларм за плаќање на сметките. Или уште подобро направете налози за директно плаќање од банкарската сметка за да не мора да се грижите дали ќе треба да платите дополнителна камата или не.

17. Преуредете го плакарот секоја пролет и секоја есен. Нема ништо подобро од среден плакар. Олеснете си го животот и оваа пролет тргнете ги сите тие дебели и огромни џемпери кои сигурно нема да ги носите на +20°C.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за идните родители: Каква фотосесија да направите пред раѓањето на бебето? Веќе сте пред породување и сакате да направите фотографии кои засекогаш ќе ве по...
Момци со брокула фризура, претерани филери и уште 11 трендови од последната декада што на луѓето им ... Дали во последниве години стана тренд да се остава бакшиш за секоја можна услуга...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...
7 работи со кои модерните жени се „опседнати“, но нашите баби ги игнорирале Совршен маникир и педикир, безброј активности за децата, „вечен“ младешки изглед...
Синди Лопер, Блонди - Како изгледаат денес пејачите чии хитови ги пеевме на цел глас во диско? Девојките беа заљубени во Мортен од A-ha, момците, пак, во Сабрина Солерно и Лен...
Однесувања кои покажуваат дека некој не е паметен колку што мисли дека е „Наместо да истакнат некоја поента во дебата, почнуваат да те навредуваат“. „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg