Дали верувате во клетви?
Традиција на проклетство постои во сите култури во светот. Во историјата постоеле многу „успешни“ случаи на клетви.
Во некои делови од светот, употребата на оваа фатална енергија сé уште е прилично честа. Од 1969-та до 1980-та година, психијатарот Хари Иствил лекувал 39 Абориџини во една област на Северна Австралија. Пациентите страдале од состојба наречена "страв предизвикан од гатање", со други зборови – клетва.
Тие живееле во состојба на акутен терор и страв, а Иствил дојде до заклучок дека ненадејната смрт на блиските членови на семејството може да придонесе луѓето да чувствуваат страв од можни клетви.
Културолошки и социолошки кажано, искуството на Иствил покажува дека “жртвата“ едноставно верува дека е проколната.
Како ова може да се објасни од научна гледна точка?
Според медицинските истражувња на д-р Бакот од Универзитетот во Охајо, поголемиот дел од оние кои се погодени од вуду магија, имаат симптоми на гадење, повраќање, дијареа, промени во вкусот, необјаснето губење на тежина, халуцинации...
Ова се симптоми на "борба или бегство". Имено, кога сме соочени со нешто потенцијално опасно нашите тела се подготвуваат да се спротивстават на заканата или да се извлечат што е можно побрзо. Поради тоа гликозата во крвта, како и телесните масти во телото се зголемуваат, а мускулите се полнат со потребната енергија. Ова може да резултира со бледило, брзо отчукување на срцето, проблеми со дишење или ладна пот.
Ако се престојува во оваа состојба премногу долго таа ја троши нашата ментална, физичка и емоционална резерва, што доведува до исцрпеност и болест.
Во состојбата "борба или бегство" доминира симпатичкиот одговор, но кога некој верува дека ситуацијата е безнадежна, парасимпатичкиот одговор може значително да го забави отчукувањето на срцето, што може да доведе до неправилен срцев ритам и низок крвен притисок.
Проколнати предмети
За проколнатите предмети обично се претпоставува дека биле украдени од нивните вистински сопственици или ограбени од светилиште. Приказните зад причината зошто овие предмети се проколнати варира, но за нив обично се вели дека носат лоша среќа или дека се манифестираат преку необични феномени поврзани со нивното присуство.
Египетски клетви и мумии
Постои популарно верување дека клетвите се поврзани со ограбување на гробовите на мумифицираните трупови, или на самите мумии. Оваа идеја стана многу раширена, особено во хорор филмовите. Најпознатата клетва на фараоните е клетвата на Тутанкамон.
М. А. | Црнобело