Историјата на бакнежот: Зошто се бакнуваме?

Антрополозите велат дека бакнувањето еволуирало од „душкањето“, кое луѓето со векови го практикувале за да дознаат нешто повеќе едни за други.

Istorija-na-baknezot-drevniot-covecki-obicaj

Во поголемиот дел од човековата историја, сетилото за мирис било поважно од било кое друго сетило во меѓучовечките односи. Со мирисот тие можеле да утврдат расположение, здравје и социјален статус.

Бакнувањето, како романтичен израз на чувствата, веројатно е родено во Индија. Во епот Махабхарата, напишана околу илјада години пред Христос, може да се пронајде првиот познат опис на романтичен бакнеж во историјата.

Историчарите веруваат дека во тоа време ваков вид на бакнување бил непознат во Европа. Во античка Грција бакнежот бил начин на комуницирање, препознавање на социјалниот статус, рангот и лојалноста меѓу војниците, како некој вид на изразување на општествена хиерархија.

Општествено еднаквите мажи се бакнувале на усните, подредени војници, слуги и робови се бакнувале во образ, раце, нозе, долниот раб на облеката...Ова траело сè до 18-от век.

Старите Римјани први почнале да практикуваат "savium", познат како „бакнежот на душата“, кој бил верзија на францускиот бакнеж. Сепак, најголемиот противник на бакнувањето биле христијаните. Неколку папи дури се обеле да го забранат романтичното бакнување, а во 1312-та година Клемент V-ти го прогласил за смртен грев.

Бакнежот низ историјата

Во античкиот Рим бакнежите биле наменети речиси за сите. Пријателите, роднините, случајните минувачи на улица, дури и за продавачите. Тогаш бакнежот не означувал љубов помеѓу луѓето. Египјаните, за разлика од Римјаните, не сакале да се бакнуваат. Се смета дека дури ни Клеопатра не се бакнувала со Марк Антониј или Цезар. Средновековните Италијанци верувале дека бакнежот значи брак.

Еден од најбизарните факти во историјата на бакнувањето е употребата на буквата„X“ како симбол за бакнеж кај англо-саксонците. Во средниот век, поголемиот дел од локалното население било неписмено, а сите договори ги потпишувале со „X“. Овој симбол претставувал бакнеж и чесност.

Во Лондон во 1665-та година, кога Англија била зафатена со големата чума, биле забранети бакнежи и физички контакти. Дури и денес во Англија честопати луѓето се поздравуваат со раце, бидејќи бакнежот се смета за непристоен.

Познатиот музичар Дејвид Боуви во 1979-та година ја измислил т.н. липографија. Се работи за отпечатоци на усни на различни луѓе. На аукција сите отпечатоци од познатите ѕвезди се продадени за 160.000 долари, а парите биле донирани во добротворни цели.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Породување, камен во бубрег: Најсилни болки кои може да ги почувствува човекот Фрактурата на пенисот, позната и како „најлошиот кошмар на секој маж“ ...
Емотивни фотки: Дечиња без родители на кои им се исполнила најголемата желба - да бидат посвоени Сингл маж кој посвоил девојче со Даунов синдром, пар кој посвоил пет браќа и сес...
„Пораснав со тројца родители – имам татко и две мајки, а како дете не сфаќав која ми е биолошка“ „Бидејќи тројцата родители работат, секогаш сме имале повеќе пари. Но, не сме во...
6 идеи за уникатни новогодишни подароци (со кои не можете да згрешите) Производи со краток рок на траење, како вкусни колачиња, или работи што ќе ја ра...
Пред и потоа фото споредби: Луѓе гордо ја покажуваат новата насмевка, откако ги извадиле протезите Секој кој носел протези многу добро знае дека целото искуство е мошне тешко. Дод...
Модерни бон-тон правила кои треба да ги почитуваме во секојдневието Не праќајте гласовни пораки, а кога каните гости на ручек, прашајте ги дали имаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg