Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 причини поради кои луѓето имаат страв да се спротивстават

Стравот е дел од нашиот инстинкт за опстанок. Доколку не се плашевме од болка или височини или големи, гладни животни, нашиот вид немаше да опстане во светот.

6-pricini-poradi-koi-lugeto-imaat-strav-da-se-sprotivstavat-01.jpg

Сепак, иако конфронтација не мора да биде од суштинско значење за нашиот опстанок, стравот од истото може да влезе во умот на една личност преку нејзините искуства од минатото.

Затоа, ако се обидувте да разберете зошто вие или некој друг толку многу се плашите од конфронтација, следните причини можат да ви обезбедат одговори.

1. Се плашите од конфронтација поради вашето воспитување

Ако сте израснале во околина во која сте биле на било каков начин злоупотребувани, без разлика дали се работело за вербална, физичка, ментална злоупотреба, научени сте постојано да ги слушате луѓето како викаат и врескаат едни на други. Ова може да биде трауматично искуство поради кое имате проблеми со конфронтација.


2.
Се плашите конфронтација, бидејќи се плашите од неуспех

Се плашите да не не бидете во право, особено пред други луѓе.


3.
Се плашите дека нема да ве сакаат

Дури и кога не ви е важно дали ве сакаат луѓето околу вас, еден дел од вас сепак се надева дека некогаш ќе ве засакаат луѓето кои ве мразат. Не треба да се плашите од соочување со некого, бидејќи се плашите дека истите нема да ве сакаат или дека ќе ве ценат помалку поради вашите убедувања.


4.
Кога сте во малцинство

Можеби кога би морале да се соочите со другите луѓе во голема група не би биле толку исплашени. Но, кога сте сами против многу луѓе, може да биде прилично тешко да се ослободите од стравот.


5.
Не сте сигурни во себе

Многумина од нас можат да бидат одлични во една работа, а ужасни во друга. Ако сте, на пример, добар писател, но многу лош оратор, тоа е во ред. Не треба да се плашите од конфронтација со луѓе кои се подобри од вас во нешто, на овој начин можете да научите многу работи за нив и за себе.


6.
Зборувате пред да слушнете

И самите знаете дека понекогаш можете да се занесете, особено кога станува збор за емоциите. Идејата за конфронтација потсетува на оние моменти кога едноставно морате да ги споделите вашите чувства, без да ги слушате аргументите на другата страна. Ова може да направи да изгледате како драма кралица која не знае како да го слуша лицето со кое се соочува.

Кога ќе знете зошто се плашите од соочување, ќе пронајдете различни начини за отстранување на вашиот страв. На пример, можете да вежбате да зборувате во јавност за да ја намалите анксиозноста. Можете дури и да се обидете да се соочувате со луѓето, без да се чувствувате повредено. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Разделбата на Чарлс и Дијана, пожар во замокот: Зошто 1992-ра била најлоша година за кралицата Елиза... Јавноста дозна за една од аферите на принцезата Дијана, кралицата мораше да одоб...
Неочекувани ситуации на кои луѓето биле сведоци во секојдневието (фото) Замислете се шетате по улица и одеднаш на нечија тераса гледате коњ... Луѓе спод...
10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
13 трендови на однесување во Македонија и светот денес, кои се загрижувачки Нашите мозоци се преоптоварени од брзата и експлозивна видео содржина на интерне...
8 работи на кои треба да обрнете внимание кога купувате чевли Еластичноста на ѓонот кај ниските чевли, но и формата на вашето стапало - на што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg