Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што е парапсихологија?

Парапсихологијата е гранка на психологијата, која се занимава со парапсхилолошки феномени, односно перцепции и активности на луѓето со паранормални психолошки способности.

Sto-e-parapsihologija

Овие феномени се поделени во две главни групи: екстрасензорна перцепција (ESP), во форма на телепатија  и видовитост. Во втората група спаѓа психокинеза во форма на телекинеза и материјализација или левитација. Меѓу другото, во парапсихологијата се наоѓа и хипноза која сé почесто се користи во медицина и за психотерапевтски цели.

Зборот “пара“ потекнува од грчкиот јазик, а значи "покрај, тесно поврзано, надвор". Терминот парапсихологија почна да се користи околу 1889-та година, а прв ја искористи филозофот Маx Dessoir.

Иако парапсихологијата може да се студија на универзитетите во Европа и Америка, факт е дека досега оваа појава не е објаснета од страна на било кој познат физички процес. Во ниту една психокинетичка акција не е докажано учество на некоја позната физичка енергија. Покрај тоа, познато е дека појава на паранормални феномени промовира интензивни афективни ситуации и исклучително намалување на свеста.

Позначајно истражување на паранормални феномени започна во 1882-ра година, со формирањето на "Здружението за психолошките истражувања" во Лондон.

Тие првично се занимавале со истражување на ефектите на хипноза и спиритуалистички сесии. Подоцна почнале да изучуваат и луѓе кои имале необични способности. Со текот на времето почнале да се воспоставуваат слични друштва во целиот свет кои се занимавале со различни необјаснети феномени. Некои од нив ги истражувале појавите како вонтелесно искуство или астрална проекција.

Многу научници на парапсихологија гледаат со голем скептицизам, бидејќи во сегашно време, речиси сé се поврзува со натприродно, најмногу благодарение на телевизиските програми. Иако парапсихолозите во своите истражувања го користат научниот метод, оваа област има неколку фундаментални недостатоци од научна гледна точка, бидејќи ретко некој натприроден феномен може да се реплицира, што е едно од основните барања на научните истражувања.

Втората главна забелешка е дека повеќето парапсихолози тврдат дека натприродните феномени не се дел од законот на причинско-последичните врски, што е основа на научните истражувања.

Парапсихолозите признаваат дека често не можат да ги категоризираат одредените натприродни феномени, што ги комплицира работите уште повеќе. Овој феномен тешко може да се изолира и да се набљудува.

Научниците, исто така, веруваат дека парапсихолошките истражувања не го исполнуваат едното од клучните барања на науката - не се предмет на објективно набљудување.

Благодарение на серија на нови истражувања, дури и најпознатите физичари на светот, вклучувајќи го и астрономот Карл Саган, признаа дека парапсихологија е гранка која треба да биде подобро проучена и да влезе во областа на науката.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Од Јутјуб ѕвезди до осуденици: Детали за родителите кои ги малтретираа своите деца за интернет слава Мајк и Хедер Мартин се можеби меѓу првите кои направија Јутјуб канал за да споде...
Помалку познати, но значајни жени, чии откритија го сменија светот Знаете ли дека првиот компајлер го напишала жена? Благодарение на Американката Г...
Строги правила што треба да ги следат гостите на Мет гала Телефоните се строго забранети, а гостите не смеат да ја одбијат поканата – во с...
Фото-докази дека некои луѓе имаат неверојатна среќа во животот „Мајка ми си ја најде изгубената мачка после 1 година“. „Потсетување секога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg