Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Стоунхенџ: Факти и теории за мистериозниот споменик

Стоунхенџ е голем камен споменик кој се наоѓа на еден варовит дел на денешниот град Салисбери, Англија. Структурата која ја нарекуваме „Стоунхенџ“ е изградена во периодот пред околу 5.000 и 4.000 години и е само дел од поголем и покомплекснен пејзаж.

Stounhendz-fakti-i-teorii-za-misteriozniot-spomenik

Најголемите камења на Стоунхенџ, познати како „sarsens“, се високи до 9 метри и тешки до 25 тони во просек. Се верува дека биле донесени од Марлборо Даунс, место одалечено 32km северно.

Помалите камења, наречени „bluestones“, тежат до 4 тони и доаѓаат од неколку различни локации. Не се знае како луѓето во тоа време успеале да ги пренесуваат овие камења толку далеку. Научниците веруваат дека во текот на последното ледено доба глечерите овие камења, ги привлекле поблиску до крајбрежјето. Постои и теорија дека користеле воден транспорт.

Научниците велат дека оваа област во Салисбери се сметала за свето место долго време пред да се изгради самиот Стоунхенџ. Уште пред 10.500 години биле подигнати три големи борови на местото на кое сега се наоѓа Стоунхенџ.

Истражувачите, исто така неодамна открија масивна дрвена зграда која можеби се користела за погребни ритуали. Исто така, се откриени десетици погребни насипи во близина на Стоунхенџ што покажува дека стотици, ако не и илјадници луѓе биле закопани таму во античките времиња. Откриени се и најмалку 17 светилишта, некои во форма на круг, во близина на Стоунхенџ.

Зошто е изграден Стоунхенџ?

Иако постојат многу теории за тоа зошто Стоунхенџ е изграден, најновите откритија покажуваат дека Стоунхенџ бил изграден како светилиште кое било подложно на постојани промени.

Една нова теорија за Стоунхенџ од вели дека го одбележува „обединувањето на Велика Британија“, времето кога луѓето од островот започнале да соработуваат.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хари ќе му биде замена додека да порасне: Што ако принцот Џорџ стане крал пред да наполни 18? Принцот Хари може да биде назначен за регент, односно владетел кој го заменува м...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg