Сите сме ги доживеале: 6-те фази на откажување планови
Се обложуваме дека било кој, кој го чита ова во моментов во последнава недела или откажал средба или му била откажана.
А „откажување“ во случајов значи „повторно договарање“ што вообичаено трае со недели, а некогаш и месеци.
Станува збор за планови за кафе или ноќно излегување со колегите или пријателите – луѓе со кои имате постојана намера да се видите... ако успеете да најдете време.
Откажувањето има 6 фази:
1. Изразување жалење
16:30 – додека скролате на Инстаграм: „О не, му/ѝ ветив *вметни име* дека ќе се видиме после работа, а после денешниов ден сѐ што сакам е да си одам дома и да гледам *вметни име на филм/серија*.
Ова е првата фаза т.е. жалење. Или погледнавте во календарот или добивте потсетник за договорот и сега ги чувствувате последиците. Во оваа фаза на откажување планови, дури и најмалку мелодраматичната личност ќе започне да верува дека овој план ќе биде катастрофа.
2. Барање оправдување
16:45 – дискретно се подготвувате да си одите дома: „Океј, морам да откажам. А, изговор?“
Во овој момент посегнувате по телефонот, гледате во клучевите и смислувате веродостојно оправдување. Притоа се убедувате дека не сакате да лажете, но и не сакате да изгледате како некој кој постојано откажува.
3. Пронаоѓање на совршениот изговор
17:30 – веќе на пат до дома: „Само ќе речам дека имав тежок ден на работа. Сигурно ќе ме разбере, така? Така. Тој/таа ќе сфати. И онака пред 2 недели тој/таа ми откажа затоа што „заборавил/а“ дека треба да оди некаде.
Овде официјално преминавте на „темната страна“. Одлуката ја носите врз основа на тоа што вам истата личност ви откажала во минатото и поради тоа ви олеснува. Па, затоа не ви е толку тешко „да ја возвратите услугата“.
4. Фаза на релаксација
18:05 – се пресоблекувате во тренерки/пижами: „СЛОБОДАААА!!!!“
Пораката е испратена. Тој/таа веќе ви вратила дека е во ред и дека би можеле да пробате да се сретнете за викенд, но вие не ни прочитавте, бидејќи сте премногу зафатени размислувајќи што ќе порачате за вечера и колку се меки тренерките/пижамите.
5. Каење
18:20 – додека чекате да стигне пицата: „Зошто сум толку лоша личност? Зошто веднаш не реков „не“? Што ако ја поминеме цела 2016 обидувајќи да се сретнеме и никогаш не се видиме?“
Овде се чувствувате виновно затоа што откажавте. Сепак, овие планови беа одамна направени со намера да бидат исполнети. И сега еве сте одбрале комфор наместо да одите до крај со зацртаните планови. Па да, ова е валидна причина зошто треба да се каете.
6. Фаза на исполнетост
18:30 - *се слуша ѕвончето од вратата* : „Не е важно, пристигна храната!!!“
Нема време за каење вечерва затоа што пицата стигна и дали може да стане подобро? О да, 10 епизоди од *вметни име на филм/серија*!!!
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





