Најимпресивните експерименти кои луѓето ги извршиле на себе

Понекогаш желбата да се тестира нашата сила ги турка луѓето да направат неверојатни работи - нешта кои никој никогаш не ги направил.

Najimpresivnite-eksperimenti-koi-lugeto-gi-izvrsile-na-sebe-01.jpg

Ова е листа на најпознатите и најимпресивни експерименти кои луѓето ги имаат направено со цел да докажат дека човечкиот потенцијал е неограничен:

17 минути без дишење

Дејвид Блејн е илузионист чиј принцип во животот е:  „ако еден човек може да го направи, секој може да го направи“. Неговиот експеримент е држење на здивот под вода цели 17 минути и 4 секунди.

Меѓу другите негови експерименти се: бил жив закопан во пластичен сад, бил замрзнат 61 час, пловел во стаклена кутија по реката Темза 44 дена без храна.


Живот без пари

На возраст од 53 години, Хајдемари Швермер го оставилa својот стан и го дониралa својот имот. Си оставилa само еден мал куфер. Како експеримент таа одлучила да се обиде да живее без пари една година.

Во замена за храна и сместување Хајдемари работела во куќите на своите домаќини, како градинарка или чистачка. Ѝ било прилично тешко на почетокот, но потоа сфатила дека чувството на слобода која ја чувствувала вредело.

Хајдемари живее без пари веќе 18 години.


Бескрајното патување

Минимализам, хуманизам и отворен ум - тоа се принципите по кои се води Колин Рајт, млад човек кој патува низ светот.

Секоја дестинација е определена од гласовите на читателите на неговиот блог. Својот стил на живот го нарекува „чиста слобода“. Да бидете каде што сакате и со кого сакате.


Една година без интернет

Пол Милер е новинар кој одлучил да се откаже од интернет една година. Овој експеримент можеби не е толку импресивен како другите, но за некои луѓе е полесно да се откажат од пари отколку од интернет.

Тој започнал да пишува роман, станал посмирен и повеќе фокусиран. Сепак, после неколку месеци без интернет, новинарот сфатил дека интернетот не е вистинскиот проблем.

Според него, интернетот стана составен дел од човековиот живот и без него човекот едноставно се губи од општеството и не се чувствува поврзано со другите луѓе.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го промени светот, но умрел сам, во сиромаштија – Тажниот живот на Никола Тесла Никола Тесла е научникот кој го модернизира светот, но и покрај достигнувањата, ...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
6 луѓе откриваат кои се најголемите тајни што ги кријат од саканите „Со клуч намерно му го изгребав автомобилот на сопругот, а тој и ден-денес е убе...
10-те најголеми трговски центри во светот – еден е во Истанбул Dubai Mall во Дубаи, но и Istanbul Cevahir во Истанбул - кои се најголемите моло...
Клонирана ласица роди бебиња, за првпат во историјата - Дали ова е спас за загрозените видови? Што мислите за тоа клонирањето да се користи како алатка за зачувување на биодив...
Зошто ни се чини дека јануари трае вечно, според психолози? Денот е екстремно краток, паричникот празен, а по празниците мораме да се вратим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg